Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ: Во Македонија нема месо од белгиската компанија „Вевиба“

0
By Нова ТВ on March 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 17, 2018 21:52

Агенцијата за храна и ветеринарство тврди дека во Македонија не е увезено месо од белгиската месна индустрија „Вевиба“, која е затворена откако е утврдено дека продавала месо и месни производи во кои имало делови од животни кои не се за човечка конзуманиција.

Од АХВ велат дека преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на Европската Унија, Агенцијата досега не добила известување дека вакво месо има во Македонија.

– Во земјава од Белгија, од други месни индустрии, во првите два месеца од годинава увезени се 228.860 килограми месо и преработки од месо, а во 2017 година, извршен бил увоз на 928.570 килограми. Месото и преработките од месо кои се увезуваат во Македонија се безбедни. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат задолжителна контрола на секоја увозна пратка на граничните премини. Контроли се вршат и при истовар на увезените пратки. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, се прави и преглед на идентитет и физички преглед на пратките, велат од АХВ.

Скандалот со „Вевиба“ се појави на почетокот на овој месец, а пред три дена белгиски медиуми известија дека месо старо 12 години било извезено и во Југоисточна Европа. Компанијата ги фалсификувала податоците за рокот на траење, а во месото и преработките ставале делови од животински тела кои не се дозволени за човечка консумација, како и „кланички отпад“.

АХВ белгиско месо Вевиба Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.