Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако Хилари стане претседателка, како ќе го викаме Бил

0
By Нова ТВ on November 6, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 6, 2016 11:58

Ако Хилари Клинтон стане претседателка на САД а со тоа и прва жена во Белата куќа, како ќе го викаме нејзиниот сопруг Бил Клинтон?

Белгиската агенција Белга денес посветува голем простор на ова прашање и обидот за одговор.

САД досега немале жена претседател и никогаш еден маж не влегол во Белата куќа како сопруг на претседателка. Но фактот што станува збор за Клинтонови отвора уште еден проблем – никогаш досега еден екс претседател не бил оженет за претседателка.

Белга разговарала со повеќе аналитичари. Титулата First Gentleman природно се наметнува додека називите First man или First husband се неприкладни.

Според Лиза Гротс, експерт за титули, во САД има шест жени гувернерки и нивните мажи ја носат титулата First Gentleman.

Но работата ја комплицира фактот што Бил Клинтон бил претседател на земјата помеѓу 1993 година и 2001 година. Поранешните претседатели ја чуваат титулата до крајот на животот, објаснува Алида Блек од Историското здружение на Белата куќа.

Оваа историчка вели дека според протоколот Клинтонови ќе бидат презентирани како “претседателот Клинтон и поранешниот претседател Клинтон.

“Слично беше и со Буш. Имавме претседател Буш и поранешен претседател Буш кога синот и таткото се појавуваа заедно”, објаснува таа. Џорџ Буш беше 43 претседател на САД а неговиот татко беше 41 претседател.

Ако Хилари биде избрана протоколот на Белата куќа ќе треба заедно со брачниот пар Клинтон да договори како да се именува канцеларијата на Првата дама, вели Блек.

“Ако таа беше мажена за човек кој не бил претседател тогаш тој ќе беше Прв џентлмен. Но Бил Клинтон е поранешен претседател и не може да носи титула Прв џентлмен бидејќи тоа е понизок ранг од рангот претседател. Таа тврди дека брачниот пар ќе мора да најде решение за овој проблем.

Бил Клинтон е активен во претседателската кампаза но тој нема да може да работи ниту да биде платен од администрацијата ако се врати во Белата куќа. Историчката вели дека тоа не е легално. Но г-ѓа Клинтон може да му довери некоја мисија која не е официјална и не е платена како што Бил направи за Хилари, кога таа беше Прва дама и и даде мисија во областа на здравственото осигурување.

Традицијата налага Првите дами, кои имаат свој шеф на кабинет и персонал, да работат на некоја област која им одговара и која не може да биде предмет на полемика. Така Лаура Буш работеше на образование а Мишел Обама на градинарство, поранешните борци и проблемот со дебелината на населението.

Но Бил Клинот е политичар и нема да се задоволи со протоколарна улога.

Некои критичари велат дека тој не може да се вика Прв џентлмен со оглед на неговите авантури со жени па не е достоен за оваа титула.

Засега Бил не прифаќа никаков платен ангажман како говори кои на пример во 2015 година му донесоа милиони долари, тврди НБЦ. Тој исто така го напушти Советот на Фондацијата Клинтон која што тој самиот ја основа кога ја напушти Белата куќа.

Бил Клинтон Титула Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.