Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ако татко ми не пукаше, ќе настрадаше дел од семејството, со гаранција“, порача синот на битолчанецот на протестот пред судот

0
By НОВА ТВ Balaban on February 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
FOTO Fejsbuk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Семејството на Тони Ѓоргиевски Фердо, кој е обвинет за убиство со умисла,  бидејќи го застрела поранешниот зет, бара да се укине мерката притвор и осoмничениот да се брани од слобода. Поранешниот зет пред два дена насилно му упадна во домот, заканувајќи и се со нож на неговата ќерка, односно на неговата поранешна сопруга.

Битолчани денеска побараа слобода за Тони Ѓоргиевски.

– Ако татко ми не пукаше, ќе настрадаше дел од семејството со гаранција. Денес ние ќе бевме мртви. Беше подготвен и сопствените деца да ги убие“, кажа Јове Ѓоргиевски, син на осомничениот битолчанец Тони Ѓоргиевски-Фердо (62) на денешниот мирен протест пред Основниот суд во Битола, пренесе СДК.

Починатиот Стојанче Соколов ѝ е познат на полицијата како прекршител на закони, а веќе 20 години ги малтретирал семејството Ѓоргиевски.

Пред да се случи убиството, истакна синот Јове Ѓоргиевски, Соколов ѝ се заканувал на неговата сестра, која, заедно со двете деца, утрото побегнала кај својот татко.

На Ѓоргиевски Фердо денеска му е определена мерка притвор од 30 дена, а неговиот син Јове синоќа преку Фејсбук повика на мирен протест.

-Драги пријатели, добри намерници и сите што ја знаете вистината за татко ми кој го бранеше своето семејство од 20 годишните маки. Ве повикувам на 23.02.2022 година во 12:00 часот на мирен протест пред судот во Битола поради одлуката на судот да ми го приведе тато и истиот да биде пуштен дома да се брани од слобода за дело што самиот го направил. -одбрана да спаси пет животи и неговиот, објави на Фејсбук синот Јове.

Ѓоргиевски пред два дена со пиштол го застрела поранешниот зет за ќерка, Стојанче Соколов (44), откако тој им упадна во куќата и им се закануваше со нож.

Основното јавно обвинителство Битола вчера донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место, соопштија од ОЈО Битола.

По настанот, јавен обвинител изврши увид и издаде наредби за обдукција на телото на починатиот, за прибирање траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, како и за обезбедување на снимки од видеонадзор на објектот.

 

Битола Мирен протест Основниот суд Семејството Тони Ѓоргиевски Фердо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.