Акцијата за собирање потписи за иницијатива до Собранието за измена на закони и подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби, денес се одвива на плоштад од 10 до 16 часот.

Околу 2.000 од потребните 10.000 потписи досега имаат собрано родителите на децата.

Тие со своите деца, три дена симболично кампуваа во паркот Жена Борец. а бараат измени на закони и подзаконски акти, со кои на децата ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.