Eден од играчите, како што пренесуваат медиумите, бил во Јужна Африка и тој е причината за појавувањето на новиот сој „Омикрон“. Токму поради тоа натпреварот Белененсес против Бенфика во саботата го започна со деветмина, од кои двајца беа голмани.

Здравствените власти во Португалија соопштија дека е откриена новата варијантна на коронавирусот кај 13 фудбалери и персоналот на Белененсес.

Еден од играчите, како што пренесуваат медиумите, бил во Јужна Африка и тој е причината за појавувањето на новиот сој Омикрон.

Поради тоа, Белененсес во саботата го започна натпреварот против Бенфика со деветмина од кои двајца беа голмани. На полувреме Беленесес губеше со 7:0, а на почетокот на вториот дел, натпреварот беше прекинат.

„Целиот тим е во изолација, освен младиот кој не играше во саботата. 44 лица се во карантин, двајца или тројца играчи, како и толку членови на персоналот се со благи симптоми. Чекаме повторен тест кога властите ќе го дозволат тоа“, соопштија од клубот.