Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија ќе дислоцира казина и обложувалници од градовите

0
By Нова ТВ on October 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанската Влада до крајот на годината ќе ги затвори сите казина и спортски обложувачници во градовите и истите ќе ги дислоцира надвор од населените подрачја за да спречи зголемување на нивниот број, особено во Тирана.

Премиерот Еди Рама изјави дека до 31 декември сите игри на среќа ќе мора да бидат дислоцирани надвор од градовите бидејќи било оценето дека „оваа појава не оди во прилог на народот и на државата“.

„Ова е одлука на Владата која веќе го изготви и амандманот на Законот за игри на среќа, со кој дефинитивно нема да има место за активности на спортските обложувалници во градовите. Исто така новитет е затворањето на сите локали за електронски игри на среќа кои сега се лоцирани на главните улици во градовите во Албанија и ќе бидат достапни само во хотели со пет ѕвездички и се лоцирани надвор од градските средини“, објавија албанските медиуми.

Рама во исто време побара од медиумите во земјата да престанат со рекламирање на обложувањето зошто во спротивно ќе бидат присилно затворени.

Медиуми наведуваат дека голем е бројот на Албанците кои секојдневно учествуваат во игрите на среќа и тој број е во постојан раст.

Тоа се илустрира со податокот дека  текот на 2017 година албанските граѓани потрошиле над 130 милиони евра во казина, спортски обложувалници и лото.

Гледано по глава на жител, произлегува дека на игрите на среќа албанските граѓани годишно трошат по 46 евра, што е многу повисок износ споредено со земјите во регионот.

„Ставањето клуч на ваквите објекти во центрите на градовите од кои многу и нелегално работат, можеби ќе „излекува една социјална рана“, но ќе предизвика друга бидејќи повеќе од 10.000 лица остануваат без работа. Во исто време за сопствениците на деловниот простор ќе секне изворот на средства кои ги добиваат на име закуп на деловниот простор, кој главно се наоѓа на првите катови на објектите“, наведуваат медиумите.

Инаку, само во осумте најголеми фирми за игри на среќа вработени се најмалку 7.000 албански граѓани, кои по 31 декември ќе останат без работа.

Албанија дислокација Еди Рама Игри на среќа Казина обложувалници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.