Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанскиот опозициски блок најави кривична пријава против Георгиевска доколку не ја деблокира работата на Комисијата за прашања на избори и именувања

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 30, 2024 13:02

Албанскиот опозициски блок денеска оствари средба со новиот претседател на Собранието, Јован Митрески и побара да се деблокира процесот за избор на член на ДИК.

По средбата, Фадил Зендели од Европскиот сојуз за промени во изјава за медиумите рече дека процесот е заглавен кај претседателката на Комисијата за прашања на избори и именувања, Марија Георгиевска и доколку таа во наредните денови не ја деблокира работата на Комисијата, најави кривична пријава против неа.

-Целта на нашата средба беше изборот на членот на ДИК, работа која се одолговлекува со месеци во Собранието, целиот процес е изблокиран во постапките на нашето Собрание кај членот на СДСМ, Марија Георгиевска, која е претседателка на Комисијата за прашања на избори и именувања. Разгледуваме нови алтернативи во нашето политичко делување. Во контакт сме со адвокатска канцеларија во Скопје за да покренеме кривична пријава против претседателката на Комисијата за именувања Марија Георгиевска, доколку таа во следните денови не ја деблокира работата на Комисијата и не дозволува кандидатот на албанската опозиција Абдуш Демири да помине, рече Зендели.

Посочи дека целата постапка се искомплицирала од претходниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој како што рече, дал можност на една новоформирана партија која нема законски надлежности да преземе член на ДИК.

-Имајќи предвид дека партијата која што предложи кандидат, значи тој кандидат не беше нивен член, таа партија согласно последните гласања што ги имавме во Собранието се покажа дека ги поддржува мнозинството и дел од извршната власт, а и тие веќе се носители на некои веќе директорски позиции во извршната власт. Јасна е ситуацијата дека таа партија е партија на мнозинството, значи не може да има член на изборна комисија имајќи предвид дека изборниот законик јасно кажува дека тоа место и припаѓа на опозицијата, во конкретниов случај на албанската опозиција, посочи Зендели.

Дик Кривична пријава Марија Георгиевска Фадил Зендели
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.