Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Александрова: Тешко го поднесов исклучувањето од ВМРО ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on October 20, 2018 ПОЛИТИКА
Емилија Александрова беше една од осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за уставната измена за името на државата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Емилија Александрова е првата од осумте пратеници на ВМРО ДПМНЕ која јавно се огласи по вчерашното гласање во македонскиот Парламент. Таа во изјава за „Лидер“ истакна дека тешко ја доживеала и преживеала целата ситуација.

„Најпрвин сакам да потенцирам дека синоќа во Собранието на Република Македонија се донесе одлука за отпочнување на постапка за амандманска расправа за измени на Уставот. А, за тоа како ќе биде крајното двотретинско гласање, сепак ќе зависи од власта, односно колку е таа спремна за прифаќање на условите што се наведени во синоќешното соопштение до јавноста“, изјави Александрова за „Лидер“.

Одлуката беше навистина тешка со оглед на сериозноста на ситуацијата како во државата така и во политиката и какви се бранувања таа ќе направи посебно во мојата партија. Но, јас и моите колеги цврсто веруваме дека тоа што дадовме шанса е правиот пат по кој треба да се движиме, нормално уште еднаш да напоменам со прифаќање на нашите услови, појаснува Александрова.

„Што се однесува на одлуката на партијата да не исклучи, лично ја доживеав многу тешко. Да се биде ВМРО-ДПМНЕ е вистинска чест и мене никогаш тоа чувство на припадност не можат да ми го одземат. Искрено жалам за нивната одлука кон нас, но не им се лутам. Верувам дека разумот на крај ќе преовладува кај сите, затоа што на крајот сите имаме заедничка цел“, заврши пратеничката која e исклучена од ВМРО-ДПМНЕ.

Непосредно по гласањето, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свика состанок на Извршниот комитет на партијата и по негов предлог беа исклучени од членство осумте пратеници кои, сепак, се изјасија „за“ отпочнување на уставни измени што го налага Договорот од Преспа со Грција.

ВМРО-ДПМНЕ гласање Емилија Александрова Собрание уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.