Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алексеј Дума: Потребни се нови истраги за случаите кои останаа недоречени

5
By Менче Атанасова Точи on May 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 20, 2017 18:45

Сметам дека постојат простори за продлабочување на одредени анализи и отворање на прашања кои можеби овој период не успеавме да ги отвориме или не можевме да ги видиме, рече во интервју за НОВА проф.др. Алексеј Дума, долгогодишен  директор на Институтот за судска медицина, одговарајќи на прашање дали треба да се отворат нови истраги за случајот на смртта на Никола Младенов, на Коста Крпач, Смилковско езеро и други.

„ Тоа се многу осетливи работи, со многу стапици, предмети со многу недоречености , многу невидени, затворени или отворени прашања, многу несогледани аспекти и потреба за понатамошни анализи. И тоа треба да е предмет на сериозна професионална работа“, рече Дума за НОВА.

Професионалната работа значи конфликт на стручни мислења, тоа значи долги анализи со луѓе од различни профили, криминолози, криминалисти, форензичари, балистичари, сообраќајни вештаци од претпоставка дeка се авторитативни во своето знаење, да знаат да зборуваат со документи. Да знаат да се повлечат кога ќе сфатат дека погрешно или нецелосно го протолкувале аргументот, вели Алексеј Дума.

„Секогаш зад ќошот стои уште нешто. Секогаш треба да се обидат да sирнат и зад ќошот кој не е осветлен од рефлекторите на настанот. Има некое темно ќоше, секогаш. Дали тоа заслужува да биде отворено, јас сметам дека заслужува. Одредени сегашни професионалци велат тоа е многу скапо, но не е така. Овие суштински работи заслужуваат одговор, рече Дума.

На прашањето за смртта на докторката од Клиниката за нефрологија за која истрагата се води во голема мистерија, дали технички е можно сама да извршила самоубиство забодувајќи си го ножот во врат проф. Дума вели дека тоа е можно, но за  тоа треба многу други ситни детали кои што треба да с е анализираат од судско медицински и криминалистички аспект со цел  да се добие целосна слика што се случило.

“ Не доволно ако некого видите да виси на јаже дека се работи за самоубиство, ни оддалеку. Во однос на тоа што с е случувало за конкретниот случај, која е динамиката на настанот на тоа сето треба да се направи психолошка аутопсија на жртвата, мора да се најде мотивот, предиспозицијата, што е тоа што довело до такво пореметување до стабилноста на духот и таква голема депресивна состојба. Тоа  е многу сериозен предмет на анализа за да може да се донесе правилна судско медицинска и форензичарска одлука која ќе донесе до правна разрешница“, изјави Дума за НОВА.

Целото интервју со проф.др.Алексеј Дума долгогодишен директор на Институтот за судска медицина и поранешен прв човек на Лекарска комора, ќе го гледате во недела попладне во емисијата ПРОЦЕС на НОВА.

 

Крпач Младенов Смилковско езеро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.