Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алепо: Прекршено примирјето, цивилите неевакуирани и заглавени

0
By Нова ТВ on December 14, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 14, 2016 12:19

И покрај планираната евакуација на цивилите од бомбардираните области во источно Алепо, засега никој нема излезено, соопштува Сиријската опсерваторија за човекови права. Автобусите останале заглавени пред да започне самата евакуација.

Според активистите внатре во градот, додека цивилите чекале, и натаму атмосферата била тензична и се пукало.

Прекршен е договорот за примирје помеѓу приврзаниците на Башар Ал-Асад и бунтовниците кој беше постигнат во вторникот, а првата група цивили со 150 луѓе од кои 70 повредени, требаше да биде изнесена утрово.

Активистите објаснуваат дека секој кој се поврзува со бунтовниците која е против војската на Асад, буквално „се лови“. „Секој час се одвиваат кланици“, објавува Сиријската опсерваторија за човекови права.

Амбасадорката на САД, Саманта Пауер зборувајќи на итниот состанок на Советот за безбедност при ОН, се обрати кон сиријските, иранските и руските колеги.

„Сносите одговорност за овие злодела“, им порача таа на своите колеги по информациите дека во источно Алепо се убиваат жени и деца.

„Кога еден ден ќе дојде пресметка за извршениот хорор во Алепо, а ќе дојде тој ден порано или подоцна, нема да можете да се оправдате дека не сте знаеле што се случува“, рече Пауер.

А никој не го знае точниот број на заглавени или убиени цивили. Сиријската влада засега нема потврдено информација, додека генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун потенцираше дека бројот на заглавени цивили може да е илјадници.

Од друга страна Министерството за одбрана на Русија во соопштение напиша дека им помогнале на најмалку 100.000 цивили да го напуштат градот, меѓу кои 40.484 деца, а дале и 78 тони хуманитарна помош.

Алепо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.