Дин Аломеровиќ (24) е поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Македонскиот фудбалски прволигаш, Работнички доведе уште едно засилување во тимот за тековната сезона.

„Нов фудбалер на нашиот тим е Дин Аломеровиќ, кој вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички“, соопштија „дебармаалци“.

Аломеровиќ последно настапуваше во Реал Баломпедика во Шпанија. Игра на левата бековска позиција, а може добро да се снајде и како офанзивен играч по левата страна. Тој во македонското првенство уште има играно и за Вардар, Македонија ЃП и за Еуромилк.