Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадата на САД за неуспехот да се конституира косовското собрание: Интегритетот на институциите е загрозен

0
By Zoran Ivanov on July 28, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадата на САД во Приштина оцени дека неуспехот да се конституира косовското собрание го забавило и загрозило интегритетот на косовските институции и напредокот во постигнувањето на целите на Косово.

Во одговорот на Амбасадата за коха.нет се наведува дека „оваа континуирана блокада го забавува напредокот кон идните аспирации на Косово и го загрозува интегритетот на институциите што народот на Косово макотрпно ги создаде“.

-Ги повикуваме политичките лидери сериозно да ги сфатат своите одговорности и да соработуваат за да постигнат договор за конституирање на Собранието, што вклучува избор на претседател и потпретседател, се вели во одговорот.

Тие веруваат дека во наредните недели треба да се најде начин што ќе обезбеди стабилно лидерство во согласност со Уставот на Косово.

Политичките лидери не треба да се потпираат на Уставниот суд за решавање на политичка блокада што само тие можат да ја решат. Народот на Косово очекува нивните лидери да ја исполнат својата обврска да дејствуваат во најдобар интерес на земјата, изјави Амбасадата на САД.

Амбасадата, исто така, изјави дека САД со нетрпение очекуваат да соработуваат со идната Влада на Косово „за унапредување на регионалната стабилност, безбедност и просперитет“.

Од недела е во сила привремена мерка од Уставниот суд на Косово, со која им се забранува на пратениците да донесуваат какви било одлуки или да преземаат какви било дејствија по истекот на рокот од 30 дена за конституирање, утврден со одлуката на 26 јуни. Забраната е во сила од 27 јули до 8 август.

Парламентарните избори во Косово се одржаа во февруари.

 

амбасада Приштина САД Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.