Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предан: Време е Северна Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија и тоа не треба да биде кој било

0
By НОВА ТВ Balaban on December 19, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 19, 2021 11:57

Ќе имаме тотално нова ситуација и ќе биде потребен најмалку еден месец да се формира нова влада, што значи дека повторно ќе загубиме некое време. Ќе биде многу добро ако ова се случи за време на празниците и до крајот на јануари новата влада на Северна Македонија ќе биде поставена. Тоа секако ќе помогне, вели словенечкиот амбасадор Милан Предан 

Мислам дека е време Северна Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија. Мислам дека тоа секако не помогна, да се нема амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија, секако беше причина што можеби комуникацијата не беше како што треба и не треба да биде кој било, вели словенечкиот амбасадор Милан Предан во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Амбасадоре Предан, Советот за општи работи на ЕУ повика на што е можно поскоро одобрување на преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија. Но, и покрај оптимизмот во Брисел, во земјава ова се доживува како уште едно одложување на македонските интеграции. Со таквата одлука се наруши ли дополнително кредибилитетот на ЕУ, а истовремено ќе се зголеми ли и евроскептицизмот?

– Би почнал со попозитивната страна на неодамнешните средби во Брисел. Заклучоците за проширувањето беа усвоени. Да се потсетиме, минатата година тие заклучоци не беа усвоени, бидејќи немаше консензус меѓу сите земји членки. Овој пат тоа се случи, што значи дека процесот на проширување е сè уште жив. Сега јас мислам дека втората позитивна работа од неодамнешните средби на Советот за општи работи е отворањето на ново поглавје во преговорите со Србија. Знаете дека речиси две години ниту Србија, ниту Црна Гора отворија некои поглавја. Така што сега го отворија кластерот 4 за зелената агенда и мислам дека и ова на некој начин е сигнал дека процесот на проширување и процесот на преговори се движи напред. Сега целосно сме свесни дека има големи очекувања овде во оваа земја дека нешто позитивно може да се случи во однос на почетокот на преговори со Северна Македонија. Се сеќавате кога имавме интервју на почетокот на нашето претседателство кажав дека не може да ветиме некои политички чуда, бидејќи бевме свесни дека реалноста не работи во корист на нашиот напор да се донесе овој процес кон успешен крај. Но, ние ветивме дека ќе работиме напорно на ова прашање. Мислам дека го одржавме ова ветување. Во ред, други може ќе имаат пообјективно вреднување на нашето претседателство. Но, мислам дека направивме сè што можевме во оваа моментална ситуација со цел да ги туркаме овие работи напред. Но, како што кажав, околностите не ни беа во прилог во пронаоѓање на брзо решение. Ние практично низ нашето претседателство од 6 месеци во двете земји имавме предизборен период или избори. Немавме силна политичка влада во Софија. Имавме локални избори тука во Северна Македонија, кои всушност не ја направија актуелната влада силна, туку спротивното. Ако сакате да направите компромис на така тешко прашања ви требаат силни влади на двете страни и ова едноставно не беше случај. Но, верувам дека ние за време на нашето претседателство го подготвивме теренот за претстојното француско претседателство да оствари напредок. Претседателот Макрон веќе објави дека е подготвен да свика конференција на крајот на нивното претседателство на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и имавме најава од Французите дека и тие ќе занимаваат со ова прашање. И покрај ситуацијата во која ќе бидат со претседателските избори во април, мислам дека препознаа колку е важно да се направи овој процес на проширувањето сигурен и да се одржи жив.

Новиот бугарски премиер Кирил Петков постигна договор со коалициските партнери во Владата за позицијата кон Скопје кој е сочинет од 9 точки. Колку со ваквиот договор се продлабочува спорот меѓу Бугарија и Македонија?

– Не сум во позиција да го коментирам коалицискиот договор на бугарската влада. Јас верувам дека ние не треба да мислиме на негативните сценарија. Мислам дека земјите од ЕУ беа сведоци на многу негативни сценарија во изминатите години и треба да се обидеме да мислиме позитивно за работите. Јас мислам дека има некои позитивни објави од бугарската страна што некако најавува попрагматичен пристап. Во ред, мора да видиме како ќе се развиваат работите. Мислам дека е многу важно овој дијалог со новата бугарска влада да започне што е можно поскоро, бидејќи за да се постигне договор на ниво на ЕУ ќе биде потребен компромис на билатерално ниво. Сега како што споменавме имаме малку несреќна ситуација повторно. Имаме влада во Софија, но, имаме ситуација во оваа земја каде премиерот ќе поднесе оставка што значи дека целата влада ќе поднесе оставка. Ќе имаме тотално нова ситуација и ќе биде потребен најмалку еден месец да се формира нова влада, што значи дека повторно ќе загубиме некое време. Ќе биде многу добро ако ова се случи за време на празниците и до крајот на јануари новата влада на Северна Македонија ќе биде поставена. Тоа секако ќе помогне. Јас мислам дека ова е едно нешто што исто така многу ќе помогне. Мислам дека е време Северна Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија. Мислам дека тоа секако не помогна, да се нема амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија, секако беше причина што можеби комуникацијата не беше како што треба и не треба да биде кој било. Сега на оваа земја ѝ треба навистина искусен дипломат кој ќе биде во секојдневен контакт со новата влада, бидејќи ова е единствениот начин да се постигне договор и можеби ова е единствениот начин да се скрати времето. Новата влада на Петков зборува за 6 месеци.

Целото интервју на Радио Слободна Европа.

 

интервју Милан Предан словенечкиот амбасадор Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.