Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер изјави дека шансите за крај на војната меѓу Русија и Украина се значително подобрени.
Сегашниот момент е најдобра прилика досега за постигнување на мир. Би можело да се каже дека сме блиску до мир, поблиску од било кога. Ова нема да биде мир по секоја цена, бидејќи украинската страна на крајот ќе мора да го прифати секој постигнат договор, а руската ќе мора да покаже искрена желба за завршување на оваа војна, изјави Витакер за шпанската новинска агенција ЕФЕ.
Витакер истовремено потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп смета дека моментната ситуација е комплицирана. Тој потврди дека се што било зацртано во американскиоот мировен план со 28 точки, сега е поделено во четири одвоени документи.
А НАТО и Европската Унија, тие работат одвоено во врска со војната во Украина и од директните преговори меѓу САД и Украина, изјави Витакер кој додаде оти не верува дека Русија има намера да го нападне НАТО, оценувајќи ја таквата можност како „многу ниска“.




