Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Америка се врати – Охрид како Сицилија

0
By Sashko on July 4, 2021 ВЕСТИ
Борјан Јановски
Борјан Јановски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преспа Форумот кој се одржа неделава во Охрид мина во знакот на две работи. Едната лоша и другата добра и охрабрувачка. Лошата вест е дека Европската Унија (ЕУ) губи тло под нозете, а добрата е онаа дека САД се враќаат на голема врата како клучен фактор на меѓународната политичка сцена кој бескомпромисно има намера да го интегрира Балканот во Европа.

ЕУ е зашеметена, поделена, во криза со сериозно нарушен кредибилитет што ѝ се заканува да ја минимизира нејзината улога како фактор на меѓународната политичка сцена. Без колебање, на моменти и без пардон, учесниците на Форумот ја критикуваа ЕУ по неуспехот да обезбеди старт на преговори за членство за Македонија и Албанија и со тоа да ја афирмира својата релевантност како политички фактор кој е доследен на обврските кои самата ги има преземено во регионот.

Отсуството на комесарот за проширување, Оливер Вархеи и Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел беше само потврда за сите гласни критики упатени на европска адреса. Вархеји како и Борел беше јасно дека беа целосно разоружени по неуспехот на Европскиот Совет да испорача старт на преговори за членство за Македонија и Албанија и од тука сосема е разбирлива нивната одлука да не се појават во Охрид во кој вриеше од емоции предизвикани од фрустрацијата и разочарувањето на Западниот Балкан на кои ќе беа изложени без никаков аргумент во полза на нивната одбрана.

Добрата вест е што Охрид потсетува на Сицилија во 1943 година кога Европа е исцрпена и пред колапс од налетите на нацистичка Германија и кога САД по долго колебање конечно се истоваруваат на италијанскиот остров враќајќи го во живот и кондиција антифашистичкиот отпор на Европа. На Преспа Форумот не случајно се појавија двајцата клучни играчи за американската надворешна политика во Европа и Балканот. Помошникот на државниот секретар на САД за Европа, Филип Рикер и неговиот колега, специјалниот преставник на САД за Балканот Метју Палмер.

Рикер беше експлицитен во неговото излагање дека во Охрид доаѓа испратен лично од државниот секретар Антони Блинкен, а по нивната заедничка европска турнеја по клучните европски престолнини како Берлин, Париз и Рим. Важно е да се каже дека на оваа турнеја претходеше посетата на претседателот Бајден на Европа за чие времетраење беа испратени повеќе јасни пораки за намерите на САД да ја вратат назад својата титула како лидери на слободниот свет и воедно да ѝ помогнат на Европа да ја консолидира својата моќ и демократски капацитети кои се сè посилно на удар од внатре од бизарните хибриди каков што е режимот на Виктор Орбан, кој активно работи на мобилизирање на сличните на него во рамките на самата ЕУ.

Јасната заложба на САД гласно и експлицитно изразена во Охрид за консолидација и зајакнување на западните либерални вредности на целиот континент вклучително и Западниот Балкан преку интеграција во ЕУ е значајно охрабрување на изморените проевропски структури изложени на непринципиелните напади одвнатре ( Орбан, Салвини, Ле Пен…па и Јанез Јанша) и од надвор (Русија и Кина). Подеднакво експлицитно и гласно САД упатија и порака кон сите политички и бизнис структури кои на Балканот тенденциозно ја опструираат неговата европска перспектива поддржувајќи ги малигните коруптивни и политички влијанија.

Наредбата на претседателот Џо Бајден во таа смисла претставува ефикасна алатка со која ќе бидат елиминирани сите обиди за опструкција на заложбите на официјален Вашингтон за интеграцијата на Западиот Балкан во Европа. Партиските чадори, без разлика дали се владеачки или опозициски во таа смисла го губат целосно своето влијание кое досега повеќе или помалку го имаа. Во таа смисла Македонија која е директно изложена на овие влијанија по разни основи не случајно беше избрана како локација од каде Вашингтон ќе ја испрати оваа порака.

Европа, како многупати досега во историјата, е во тешка криза, но како и во 1943 година кога САД стапнуваат на европско тло во Сицилија, европскиот дух фундиран во трансатлантските врски се враќа во живот посилен и помотивиран. По сè низ што минала Европа, нема причина да се сомневаме дека ќе ја издржи и оваа криза од која има многу што да се научи во корист на зајакнување на европската демократска конструкција.

По Преспа Форумот во Охрид пред нас е есен на добри вести за сите оние кои искрено ја посакуваат Европа како единствен дом во кој владеат либералните вредности. За останатите кои своите бизнис и политички кариери ги градеа на штета на стратешките цели есената ќе биде најава за студена зима. Америка се врати.

„Преспа Форум“ влијание ЕУ Македонија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.