Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американски десничар осуден за заговор за спречување на победата на Бајден

0
By Соња Крамарска on November 30, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основачот на ултрадесничарската група „Чувари на заклетвата“, Стјуарт Роудс, е осуден за организирање заговор за блокирање на победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

Поротата во Вашингтон, по тридневно размислување, синоќа го прогласи Роудс за виновен за бунт, по речиси двомесечното судење кое ги разоткри напорите на екстремно десничарската група по секоја цена да го задржи Доналд Трамп во Белата куќа.

Роудс е ослободен од другите две точки од обвинението, кои се однесуваа на наводниот заговор.

Роудс не влезе со толпата во американскиот Капитол на 6 јануари, но е обвинет дека го водел заговорот што започна непосредно по изборите во 2020 година за да започне вооружен бунт за да се запре трансферот на претседателската моќ.

Пресудата претставува важна пресвртница за американското Министерство за правда и најверојатно ќе го отвори патот за обвинителството да оди со полна пареа во претстојните судења на други бунтовнички екстремисти.

Пресудата најверојатно ќе ги охрабри истражителите чија работа се прошири надвор од истрагата за лицата кои ја нападнаа зградата на Конгресот. Тие ќе се фокусираат и на други лица поврзани со обидите на Трамп да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд неодамна го назначи обвинителот Џек Смит за свој специјален советник да ја надгледува истрагата за обидите за дискредитирање на изборните резултати, како и посебната истрага за изнесување на доверливи документи од Белата Куќа на имотот на Трамп во Флорида.

Користејќи десетици шифрирани пораки, снимки и видео надзор, обвинителите го докажаа обвинението дека Роудс почнал да подготвува вооружен бунт веднаш по изборите во 2020 година за да го запре трансферот на власта.

За време на седум недели сведочење, поротата го слушна Роудс како ги повикува своите поддржувачи да се борат за да го одбранат Трамп, да разговараат за изгледите за „крвава“ граѓанска војна и да предупредат дека „Чуварите на заклетвата“ можеби ќе треба „да се кренат во оружје“ ако Трамп самиотн не дејствува.

Покрај Роудс, за виновна е прогласена и Кели Магс, лидерката на огранокот на „Чувари на заклетвата“ од Флорида. Три лица беа ослободени од ваквите обвиненија.

Немирите во зградата на Капитол, седиштето на американскиот Конгрес, избувнаа откако околу 2.000 поддржувачи на Доналд Трамп се собраа на 6 јануари 2021 година на протест кога истовремено и поранешниот претседател ги разгоре неоснованите тврдења дека претседателските избори биле со нерегуларности и кражби – што го предизвикале неговиот пораз.

Насилството резултираше со насилен упад во зградата на Конгресот, напади врз полицијата и членовите на највисокото американско законодавно тело – кои беа принудени да се кријат и да побегнат. Пет лица загинаа, а 140 полицајци беа ранети.

Процесот на потврдување на изборните резултати беше одложен, но не и откажан. На 6 јануари 2021 година, Конгресот ја потврди победата на актуелниот претседател Џо Бајден.

Тоа беше и единствениот случај во американската историја да не беше извршена мирна транзиција на власта меѓу поразениот и победникот на претседателските избори.

Извор: Вашингтон Пост/ Н1

Доналд Трамп Капитол Хил обвинение Стјуарт Роудс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.