Кинескиот сопственик на „Тик-ток“, компанијата „БајтДенс“, потпиша обврзувачки договори со американски и глобални инвеститори за преземање на мнозински удел во неговиот американски бизнис, потврди извршниот директор на „Тик-ток“, Шоу Зи Чу, пред вработените. Договорот би ги прекинал долгогодишните напори на Вашингтон да ја принуди „БајтДенс“ да ги продаде своите американски операции поради загриженост за националната безбедност, пишува Би-би-си.
Според меморандумот испратен до вработените, половина од новото заедничко вложување е во сопственост на група инвеститори, вклучувајќи ги Oracle, Silver Lake и инвестициската фирма MGX со седиште во ОАЕ. ByteDance ќе задржи 19,9% удел, додека Oracle, Silver Lake и MGX со седиште во Абу Даби ќе имаат по 15%.
Останатите 30,1% ќе одат кај филијалите на постојните инвеститори на ByteDance. TikTok соопшти дека договорот ќе им овозможи на „над 170 милиони Американци да продолжат да откриваат свет на бесконечни можности како дел од жива глобална заедница“.
Како дел од договорот, технолошката компанија Oracle, ко-основана од поддржувачот на Доналд Трамп, Лари Елисон, ќе го лиценцира алгоритмот за препораки на TikTok, потврди претходно Белата куќа.




