Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американски избори- Играта на троновите се брои со часови

1
By Биљана Секуловска on November 6, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Вашингтон, дописникот на НОВА, Биљана Секуловска

Изборниот ден во Америка веќе се брои со часови, но описите на самите избори дека се најлудите досега, не стивнуваат- светските медиуми се фокусирани на политичката мапа на државите кои укажуваат на благо водство на Клинтон од 5 проценти. Токму во тој правец говорат и боите на одредени држави- можеби Клинтон ќе изгуби по некоја клучна држава, но победата на 270 изборни гласови е нејзина, судејќи според анкетите.

Сепак, поддржувачите на Клинтон оставаат простор за мала загризеност, откако Трамп го билда својот опримизам врз фактот што опасно се приближува особено последната недела, откако ударот беше зададен со новата истрага на ФБИ околу мејловите на Клинтон, сеедно што ништо скандалозно или загрижувачко не е откриено во нив.

Финалните денови од првата претседателска трка после 72 години на двајца Њујорчани, после Томас Дејви и Франклин Рузвелт, иако изобилуваат со ниски удари, не се ништо поразлични од целата изборна трка низ овие месеци- Играта на тронови. Превидувањата остануваат- овие избори, застрашувачки во својата историска тежина можат да доведат до смрт, не во буквална смисла, но некаков дебакл на Републиканската партија од една страна и идеолошки промени кај Демократите од друга.

Погледајте го описот на оваа борба кој Њујорк Тајмс го црпи од шоуто Сатрдеј најт- Се работи за двајца славни њујоршки политичари заклучени во валкана, грда, каллива политичка кампања. Ескапизам. Или поедноставно- ова е приказна за моќ, влијание, класа, општествени прилики и амбиција во гладијаторската политичка арена. Сега Њујорк Тајмс со слики од минатото на двајцата кандидати, слики од третата свадба на Доналд Трамп со Меланија, насмеаните лица на неговите гости/ Хилари и Бил Клинтон, потсетува на поминатите години на двата пара, особено на Трамп и неговата ривалка Клинтон.

Тие ја играа истата игра, во истиот град, со истата мисла- како да се освои светот преку Њујорк. Сега играта продолжува со истите стари болки на Трамп- колку една жена може да уништи големи надежи за да се освои тронот на светот, прашајте го токму републиканскиот кандидат.

melanija-tramp-govor-640x360

Последното затресување на фотелјата на која се надева доаѓа токму од неговата сопруга- Меланија Трамп. Последните извештаи откриваат дека оваа бивша имигрантка од Словенија била платена како модел во 1996, но пред да добие законска дозвола за да работи во САД.

Едноставно, нејзината виза не дозволувала импровизации, а токму тоа го сторила- добила 20 илјади долари за работа од седум недели. Илегалното работење во Америка додека чекала работна виза сега е ставено под фајлот молчење, во кампот на Трамп. Непочитувањето на правилата во оваа земја може да подразбира и иднина која се става под прашање, ако сакате да останете во неа како човек кој ги живее американските соништа.

Тоа го вклучува и лажењето на имигрантските власти додека чекате соодветна виза. Иако е ретко, властите имаат право и тоа и го сториле во некои случаи/ да се повлече државјанството кое го дозволиле пред многу години. Да, тоа се однесува на луѓе кои имаат конекции со тероризмот, но непочитувањето на правила, на закони, на правда, е однос кој во оваа земја покажува едно- непочитување на демократските вредности врз кои почива оваа земја, гордост на наследниците на Татковците на Америка.

борба избори Клинтон Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.