Американските штафети во машка и женска конкуренција ги освоија златните медали на Олимписките игри во Токио на трките на 4×400 метри.

Во машка конкуренција, САД дојдоа до златото во состав Мајкл Чери, Мајкл Норман, Брус Дидмон и Рај Бенџамин, истрчувајќи ја патеката со резултат 2:55:70 минути, 1.48 секунди пред сребрените Холанѓани и 1.57 секунди пред третопласираната штафета на Боцвана, која постави нов африкански рекорд.

Кај атлетичарките, САД во доминантен стил го освои седмото злато во серија во штафетната трка 4×400 метри во состав Сидни Меклафин, Алисон Феликс, Далиа Мухамад и Ејтинг Му.

Сребрениот медал го освои Полска, додека бронзениот медал го освои штафетата на Јамајка