Генералната секретарка на „Амнести интернешнл“, Агнес Каламар ги повика САД да се откажат од обвиненијата против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и британските власти веднаш да го ослободат.
Каламар го упати повикот пред сослушувањето во Лондон во среда, на кое ќе биде поднесена жалба на одлуката на британскиот суд да не го екстрадира Асанж во САД, каде што тој се соочува со обвиненија за објавување тајни воени досиеја како дел од аферата Викиликс.
Високиот суд треба да ја разгледа жалбата против одлуката за неекстрадиција во јануари. Одлуката е донесена поради, како што се наведува, загриженоста дека 50-годишниот Асанж би можел да се самоубие во затвор во САД. Асанж е обвинет за кражба и објавување на доверливи информации за американските воени операции во Ирак и во Авганистан.