Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ана Бјерде е нова потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија

0
By Нова ТВ on May 4, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2020 11:32

Швеѓанката Ана Бјерде е новата потпретседатлка на Светска банка за Европа и Централна Азија. Таа ќе ги предводи стратешките, аналитички, оперативни и истражувачки активности во регионот. Во текот на нејзината 25 годишна кариера била на повеќе високи функции во Светска банка, признат лидер е во областа на економскиот развој, со фокус на инклузивен раст и одржлив развој. Доаѓа на местото на Сирил Мулер, кој беше потпретседател за регионот на Европа и Централна Азија од јули во 2015 година.

Бјерде, се вели во соопштението од канцеларијата на Светската банка во земјава, го презема водството на регионот на Европа и Централна Азија во период на исклучителни предизвици за земјите клиенти на Банката. Многу земји се соочуваат со сериозни здравствени, социјални и економски последици како резултат на пандемијата од ковид-19.

Во услови на континуирана неизвесност, додаваат од Светската банка, најновото економско ажурирање на Светска банка во Европа и Централна Азија предвидува различни сценарија за негативен раст за регионот, вклучително и голема рецесија во 2020 година, со раст кој се движи помеѓу -4,4 и – 2,8 проценти,

„Како потпретседателка за Европа и Централна Азија, ќе соработувам со владите во земјите клиенти за да им помогнам во постигнување на силни развојни резултати, но нашиот сегашен фокус е насочен кон решавање на последиците од КОВИД -19 пандемијата врз здравството и економијата“, вели Бјерде.

Светската банка досега обезбеди повеќе од 1,4 милијарди долари за помош на земјите во Европа и Централна Азија да ги ублажат последиците од ковид-19. Од 2 април оваа година беа одобрени околу 490 милиони долари преку нови проекти за итен одговор. Покрај тоа, 925 милиони долари се распределуваат, користат или се ставаат на располагање од постојните проекти и заеми, вклучително и дополнително финансирање, за да им се помогне на земјите да одговорат на ковид-19.

Од Светската банка најавуваат дека во следните 15 месеци ќе распоредат до 160 милијарди долари финансиска поддршка за да им помогнеме на земјите да ги заштитат сиромашните и ранливите, да ги поддржат бизнисите и да го поттикнат економското закрепнување, вклучувајќи и 50 милијарди долари нови ресурси на ИДА во вид на грантови или заеми со многу поволни услови.

Ана Бјерде Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.