Во Кривичниот суд денеска се појави бизнисменот Орце Камчев, кој треба да сведочи денешното рочиште за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева. Но, не во друштво со својата сопруга Ана Камчева за која Камчев рече дека имала покачена температура.

Според обвинението, првообвинетиот Бојан Јовановски им барал пари, прво на Камчева, а потоа и на бизнисменот и му ветувал дека ќе влијае на обвинителката на Јанева за да го запре случајот „Империја“ што го отвори СЈО против бизнисменот Камчев.

Судијката Васка Николовска Масевска побара на следното рочиште Камчева да донесе лекарска документација. На обвинителната клупа се првообвинетиот Бојан Јовановски и второобвинетата поранешна специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.

Двајцата на првото рочиште рекоа дека не чувствуваат вина, за разлика од третообвинетиот Зоран Милески кој го призна делото „примање награда за противзаконито влијание“ и доби три години казна затвор.