Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитичари: Алијансата треба да остане дел од пострежимската Влада

0
By Влатко Чаловски on December 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Какви се односите во владината коалиција е прашањето кое, како последица на острата реторика помеѓу албанските лидери Али Ахмети и Зијадин Села изминативе денови, се наметна во јавноста.

На ова претходеа и математиките на владиниот состав, кои се менуваат по името на Венко Филипче, кој се очекува да биде владин кандидат за министер за здравство, функција, која Села смета дека и припаѓа на Алијансата за Албанците која ја предводи тој.

По вчерашната средба со премиерот Зоран Заев, Села беше дециден дека тој нема да прифати компромиси со заменички функции за негоата партијата, бидејќи според договорот за Влада, Министерството за здравство со кое до неодамна раководеше Арбен Таравари, му  припаѓало на Алијансата за Албанците.

„Ние остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се прават преку ноќ за да се омаловажува Алијансата за Албанците…Нема да правиме договори над договори. Договор за Влада е направен кога се формираше власта и раководевме со Министерството за здравство, а го правевме тоа успешно“, изјави Села меѓу другото.

Во неговата изјава вчера, тој реагираше и на изјавата на Ахмети, кој во интервју за ТВ 21, Алијансата за Албанците ја нарече несериозна партија.

„Јас му дадов предлог на Премиерот да стокми уште една друга позиција „заменик премиер за носење бурек“, и после таа позиција ќе му ја дадам на ДУИ. Ние остануваме на нашите ставови дека ќе го држиме Министерството за здравство“, потенцираше Села, давајќи знак дека односот со Ахмети не е во најдобра состојба.

Но според политичките аналитичари Алберт Муслиу и Рамадан Рамадани, владината коалиција не би требало да биде во опасност само поради личните примедби на Села и Ахмети и дека Алијансата на Села, очекуваат да остане во извршната власт.

Алберт Муслиу, политички аналитичар

„Одговорот лежи во Заев, ако тој успешно го организира нивниот однос како носител. Реториката помеѓу Ахмети и Села е фолклор, нема некоја длабинска причина да го раскинат односот во власта. Тие требаше да бидат подготвени на ова откако одвоено отидоа на локалните избори. Но нема суштински разлики и верувам дека ќе останат во Владата, особено кога на мнозинството му се потребни бројки за реформските процеси“, вели Муслиу.

Дека Алијансата на Села е потребна во Владата, тврди и Рамадани, особено поради започнатите реформи.

„Алијансата треба да остане во Владата заради Македонија, Албанците и самата Влада. Затоа што Македонија веќе влегла во надворешни средувања со светот и соседите и внатрешни реформи, а една од неопходностите за тоа е и внатрешна кохезија и што поширока претставителност на владејачкото мнозинство како предводник на овој процес“, смета Рамадани.

Рамадани дополнува дека учеството на Алијансата во власта, значи и активно учество на Албанците во реформскиот процес.

„Албанците исто треба да се вклучени во овој процес и тоа се обезбедува и преку учество на Алијансата, зошто тоа се албански гласови за ново политичко претставување кое се отелотвори во новата Влада, поинакви гласови од тие на ДУИ кои во парламентарните избори беа само третина од вкупните албански гласови“, вели Рамадани.

Рамадан Рамадани, политички аналитичар

Но реални се и можностите Зијадин Села да реши дека повеќе не сака да учествува во Владата доколку не му биде отстапено Министерството за здравство. Дали тоа би можело да биде причина за слабеење на власта?

Муслиу тврди дека политичарите сепак треба да имаат повисок праг на толеранција и да бидат подготвени на компромиси, бидејќи политиката тоа го бара.

„Тоа е нивна лична препирка и не би сакал да навлегувам во тоа. Но кога влегле во политиката, треба да знаат дека таму треба да си подготвен на поголеми компромиси и повисок праг на толеранција од нас обичните луѓе. Во крајна линија, премиерот Заев отиде кај претседателот Иванов и покрај нивната поостра реторика, така што политиката бара исклучоци“, предупредува Муслиу.

И двајцата политички аналитичари сметаат дека на владините преставници не им се потребни недоразбирања, бидејќи тоа може да отвори нови предизвици.

„Не знаеме што ќе се случува во ВМРО-ДПМНЕ и колку тие ќе се реформираат. Може да го искористат моментот и тие да се отворат кон албанските партии и да направат обид да бидат на иста страна со некои од нив, особено сега кога на Заев му треба помирна атмосфера во реформскиот процес“, вели Муслиу.

Рамадани пак тврди дека во оваа Влада, токму инклузивноста е предност и во спротивност може да се отворат нови фронтови.

„Ова е пострежимска нова влада и тоа останува така, само доколку има и други нови актери во владата освен СДСМ. Инаку сончогледите, Камбовски, контрапленумците и ДУИ можат во пресуден момент да се здружат контрареформно и од новото да остане само по некој заталкан лик и слово“, предупредува политичкиот аналитичар, Рамадан Рамадани.

 

Алберт Муслиу Али Ахмети Алијанса за Албанците Влада владина коалиција Зоран Заев Министерсто за здравство Рамадан Рамадани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.