Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: 140 милиони евра во рацете на пет министри – Aлбанци

0
By Нова ТВ on November 27, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 27, 2017 11:21

Едно до најмоќните министерства, кое располага со буџет поголем од 100 милиони евра останува во рацете на Алијанса за Албанците. Министерството за здравство, со кое ќе раководи кадар од албанскиот кампус, догодина за трошење ќе има околу 107 милиони евра.

Повеќе од 10 милиони евра ќе бидат во рацете на министрите Крешник Бектеши, во министерството за економија и  Садула Дураку, за животна средина.

Portalb.mk направи анализа на расходите, односно трошењата во ресорите со кои менаџираат политичари од албанските партии што се дел од извршната власт.

Министерство за здравство

Министерството за здравство располага со еден од најголемите буџети, догодина вкупните расходи се проектирани на 107 милиони евра и во однос на годинашниот буџет, здравството ќе добие скоро 12 милиони евра повеќе.

Најголем дел од парите догодина или 33,5 милиони евра ќе завршат за финансирање на администрацијата, за плати на надоместоци палнирани се 1,7 милиони евра. Од вкупните расходи,  за здравствена заштита и превениција ќе се потрошат 7,8 милиони евра. Догодина, Министерството за здравство, преку развојната компонента,  ќе располага со буџет од 30 милиони евра, со што овој износ во 2019 година треба да се зголеми на 34,3 милиони евра.

Од основниот буџет, најголем дел од парите или 5,8 милиони евра ќе се трошат за реконструкција и доградба на објектите на јавните здравствени установи додека  за набавка на медицинска опрема се планирани 1,1 милион евра. Дополнително, во реконструкција и изградба на здравствени установи ќе се вложат  19,3 милиони евра – пари од заеми, од кои најголем дел ќе завршат за изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип. За изградба на општата болница во Кичево одвоени се скоро 500.000 евра.

Министерство за правда, Билен Саљији

Вкупниот буџет што ќе го има на располагање министерот за правда, Билен Саљији догодина изнесува 5,1 милион евра. Како дел од ова министерството е и Инспекторатот за употреба на јазиците, орган  со својство на правно лице  кое врши инспекциски надзор над целосно и доследно спроведување на употребата на јазиците.

Буџетот на овој инспекторат изнесува 120.000 евра. Преку развојните потпрогарми, ова министерство догодина ќе потроши 325.000 евра, сите наменети за реформи во судството. Преку Управата за извршвање на санкции, односно за изградба, реконструкција и опремување на казнено-поправните установи и за  реформи на казнено-поправните установи планирани се средства во висина од 5,3 милиони евра. За исплата на плати и надоместоци, ова министерство догодина ќе потроши 1,5 милиони евра.

Министерство за економија, Крешник Бектеши

Во 2018 година, министерот за економија, Крешник Бектеши  ќе има на располагање 10,4 милиони евра, од кои 6,2 милиони ќе се одлеат преку ставката “администрација“. Во однос на годинашниот Буџет,  расходите на Министерството за економија се зголемени за околу половина милион евра.

Од вкупните пари за трошење догодина, 1 милион евра на Министерството ќе завршат за развој на енергетиката, а 1,1 милион евра за поддршка на малите и средни бизниси и за  поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи.

Конкретно за поддршка на бизнисот,  преку министерството терба да се вложат 630.000 евра, износ кој расте во 2019 и 2020 година.  Преку  Агенција за поддршка на претприемништвото, кој е под надлежност на Министерството за економија, ќе се потршат 533.000 евра.

Министерство за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу

Со буџетот за 2018 година, Министерството за локална самоуправа раполага со средства од 7,2 милиони евра што е скоро иста сума како и годинашната.  Под овој ресор е изградбата на проектот плоштад “Скендер Бег“ за што догодина ќе се потрошат 2 000 000 евра, пари со кои треба да финишира оваа изградба, со оглед на тоа што Владата во следните две години, 2019 и 2020 воошто не проектирала одвојување на средства. Позначајна сума од развојната компонента на ова министерство, во износ од 3,4 милиони евра е одвоена за рамномерен регионален развој.

Министерство за животна средина, Садула Дураку

Вкупните средства со кои ќе располага министерот Садула Дураку во 2018 година изнесуваат 10,6 милиони евра. Во ова министерство има позначајно зголемување на средствата за трошење во однос на годинава за околу 2 милиони евра. Од вкупните расходи догодина,  околу  730.000 евра ќе се трошат за администрација. За исплата на плати и надоместоци се планирани 1,6 милиони евра.

Пет милиони евра од вкупниот буџет треба да завршат за заштита на животната средина, ставка во која спаѓаат: инвестиции во животна средина во износ од 3,1 милион евра, потоа изградба на канализациони мрежи и одводни канали, чистење на депонии и вложувања во Дојранско езеро. Конкретно за чистење на депонии планирани се 200.000 евра.  Преку развојните програми, вкупната сума што ја има на располагање ова  министерство изнесува 930.000 евра.

Секретаријат за европски прашања, Бујар Османи

Бујар Османи од ДУИ, кој е на чело на Секретаријатот за европски прашања, догодина ќе располага со буџет од 1,71 милион евра. Секретаријатот има 102 вработени. Преку развојните потпрограми, околу 11.500 евра се наменети за помош при транзиција и институционална надградба, во што се наведени две ставки – за патни и дневни трошци во висина од 5.000 евра и за договорни услуги износ од 6.500 евра. За дипломатски и конзуларни претставништва планирани се средства во износ од 216.000 евра, а за зајакнување и развој на процесот на европската интеграција догодина се одвоени 50.000 евра. Најголем дел од раходите, или 874.000 евра ќе завршат за исплата на плати и надоместоци,  а за патни и дневни трошоци планирана е сума од околу 123.000 евра.

Догодина, вкупниот Буџет изнесува 3,4 милијарди евра, и овој буџет е најголем досега.

Владата планира намалување на буџетскиот дефицит, и предвиде кратења во ставката “стоки и услуги“. Сепак, министерствата добија повеќе пари во однос на годинава со кои треба да се алиментираат зголемувањата на плати во одредени сектори но и да се реализираат најавените капитални инвестиции, дел како продолжение на сегашните а еден дел како нови проекти.

буџет министерства министри Албанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

ВЕСТИ June 28, 2026

Родитeлите и блиски на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, вчера во Кочани го одржаа…

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.