Од Александар Клап
Анализата е објавена во http://nationalinterest.org/
Република Македонија е можеби најкомплицираната земја во Европа. Штом ја поминете границата добивате смс-порака во која пишува дека сте влегле во “лулката на цивилизацијата.” Билбордите покрај поголемите автопати најавуваат “Ова е Македонија!”
Ова е единствениот дел од Југославија кој не минал низ крвопролевање. И ова е единствената земја во Европа, покрај Романија, во која секое етничко малцинство е застапено во парламентот.
Но сепак, Македонија не е успешна приказна. Ова е приказна за тоа како една земја, со големина на Вермонт (држава во САД), трна по патот кој ја враќа назад минувајќи преку една до друга катастрофа. Во 1992, ембаргото од страна на јужната сосетка Грција и блокадата на Обединетите Нации кон северната сосетка Србија ја уништија нејзината економија. Три години подоцна, претседателот Киро Глигоров, преживеа атентат од осомничени лица кои останаа на слобода. Потоа, во 1999, 360 илјади емигранти од Косово, 1/5 од македонската популација, пристигнаат во земјата. Во 2001 етничките Албанци од Народно-ослободителната армија тргнаа во бунт, а во 2004 година претседателот Борис Трајковски загина во авионска несреќа, на денот на поднесувањето на ЕУ кандидатурата во Даблин.
Повеќето од соседните земји ја третираат Македонија како отпадничка држава. Србија ги смета Македонците за “јужни Срби”, а Скопје за седиште на отпадничка патријаршија. Бугарија има чуден став според кој Македонија е држава, но не и нација. Меѓутоа, најтврдоглавата отсекогаш била Грција која тврди дека “Македонија” е име на грчка провинција па така Македонија може да биде меѓународно призната само под следните незгодни имиња: “Бивша Југословенска Република Македонија”; “Словенска Македонија”; “Вардарска Македонија.” Атина е единствената одговорна што Македонија не успеа да стане членка на ЕУ и НАТО пред една деценија кога земјата ги исполнуваше условите за влез.
Грчкото вето на пристапувањето на Македонија кон ЕУ претставува повреда на билатералниот договор од 1995 кој и дозволува на Македонија влез во меѓународни институции како “бивша југословенска Република” и доколку земјата не ја “провоцира” Грција. Овој договор доведе до менување на првото македонско знаме како и неколку деноминации на нејзината валута, со што таа покажа дека нема намера да ја присвои културата на “грчка Македонија”.
“Се навикнавме на тоа дека сме некаков вид закана”, ми изјави Никола Попоски, македонскиот министер за надворешни работи, во Скопје. “Се навикнавме на речиси три децении нефер третман. Просечниот Македонец живее со оваа реалност. Тој би бил многу изненаден доколку во некој контекст би бил третиран фер”.
Никола Груевски, со егејско потекло (грчко-словенско малцинство), е на власт од 2006 година. По грчката цивилна војна во 1946-49 година, Надежда Груиа, вдовицата на еден партизан убиен на грчко-албанскиот фронт, го напушти нејзиното родно село во северна Грција, со нејзините три деца помеѓу кои беше и таткото на Груевски, Тало. Таа се досели во Југославија и го смени нејзиното презиме во Груевска.
Роден во 1970 Никола порасна сакајќи да биде филмски актер. Но се префрли на банкарство по пропаднатиот обид да стане професионален боксер. За време на приватизацијата во 1990-те години влезе во политика, но и телекомуникацијата и градежништвото; тој беше меѓу првите Македонци кои тргуваа на берзата на Скопје отворена во 1996 година. Од 1998 до 2002 тој беше министер за финансии во владата на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО).
Во април имав можност да го гледам Груевски како дава изјава на прес-конференција во седиштето на ВМРО во Скопје како приватна индивидуа; минатиот јуни, под притисок на ЕУ, Груевски се повлече од власта среде скандалот со прислушувањето кој ја втурна Македонија во хаос кој трае повеќе од една година.
Јас го доживеав како комичен балкански недоделкан политичар набиен со моќ чиј што извор и потекло ги злоупотребил во функција на своите можности. Неговото ситно тело се движеше по подиумот додека фалангата од државно-одобрени медиуми ги пружаше рацете во воздухот.
Што тој мисли за бегалската криза? Македонија се бранеше самата себе од ЕУ. Што мисли за тоа што ЕУ го натера да се повлече од власта? Тоа беше трик на НАТО да ја поткопа Македонија. Дали е загрижен што може да изгуби на избори? Не, опозицијата е финансирана од Џорџ Соросовата фондација Отворено општество. Груевски говореше лежерно и без голем напор да убеди. Според него, тоа е само баналната вистина.
Во 2003 Груевски стана претседател на ВМРО.
“Тој беше само технократ. Не се конфронтираше, незаинтересиран за историја или политика”, изјави основачот на партијата и бивш македонски премиер Љубчо Георгиевски.
Кога Груевски стана премиер три години подоцна, Георгиевски и старата југословенска генерација беа исчистени од партијата.
Груевски донесе Македонци од дијаспората кои разбираа како да ги изградат зачетоците на пазарната економија. Министерството за странски инвестициисе обрати до Веле Самак, поранешен извршен директор на Микрософт од Сиетл и Глигор Ташковиќ, поранешен менаџер на нафтовод од Бугарија. Информациската технологија се обрати до Иво Ивановски, поранешен ИТ менаџер на плексиглас компанија во Охајо. Груевски беше веднаш опкружен од мал круг на советници, познати низ Македонија како Фамилија.
Неговиот кум, Зоран Ставрески, шест годишен ветеран на Светската Банка, ја води македонската економија. Неговиот братучед, Сашо Мијалков, советник за безбедност, кој наводно надгледувал лавиринт од криминални претпријатија во Република Чешка во 1990 година, е неговиот главен шпион. Никој не го обвинил Груевски за доделување должности на кланови или роднини.
За Груевски, 2008 беше ужасна година.
Финансиската криза ги забави моторите на неговата економска агенда- имено, странските инвестиции. Уште поважно, Македонија доби вето за НАТО од страна на Грција. Овој потег ја шокираше администрацијата ЏорџБуш, колку што го шокираше и Груевски, младиот англофонски технократ кој ја ризикуваше неговата политичка кариера за приближување на Македонија кон Западот.
Со забранет пристап до меѓународната заедница на неодредено време, пресметките на Груевски се сменија. Две години тој буткаше реформи со цел, придружба на Западните институции што на крај само ја намалија неговата моќ; сега тој се сврти кон зголемување на неговата политичка моќ по цена на отфрлање на македонските квалификации за влез во Западните институции.
Тој се сврти кон политика на идентитетот. Ова беше чудна одлука во земја каде еден од три Македонци се идентификува како етнички Албанец, а другите две третини имаат многу мала замисла што всушност значи да се идентификуваш како Македонец.
Но, за Груевски оваа маана беше предност.Тој им сугерираше на Македонците да се потпрат на ново бесрамно минато: не на 19-от антиотоманизам и звршен од страна на ВМРО од 1990-те, ниту на антифашистичката митологија од Југословенска Македонија, ниту н аСловенско Правлославниот идентитет, туку на Грчки империјалистички идентитет.
Странски археолози беа донесени во Скопје да бараат директно потомство од Македонците на Александар Македонски. Делегација беше поканета од село во Пакистан, наводно претставена како дом на предците на неговата војска. Аеродромот во Скопје и автопатот кој води до Грција беа преимнувани во “Александар Македонски.” Националниот фудбалски стадион беше прекрстен “Арена Филип Втори.”
Македонската црква почна да објавува радиоснимки во кои Македонија е нарекувана “најстарата нација на светот.” Правејќи го сево ова, Груевски ја смени дебатата. Македонија нарекувајќи се сама себе “Македонија” претставуваше една работа; Македонија трескавично трагајќи по круната на тримилениумската Хеленска цивилизација беше сосема друга.
За неговиот убедлив про-ЕУелекторат, Груевски сега за обвинување имаше гневна мета како одговорна за одложеното пристапување. Плати за изгладнување, ограничен увоз, ограничени патнички права: Грчките политичари беа одговорни за се ова. И додека историски ова беше во голем дел вистинито, новата политика на антиквизација на Груевски, ја претвори 25 годишната параноја на Македонија за нејзиното место во меѓународната заедница во самоисполнувачка закана. Внатрешно, без иницијативи да се направи прогресна две декади непрекинати демократски рефорфми, Груевски ги демантираше сите тие.
Неговиот кабинет за продукт-менаџирање се претвори во фазноменаџирање. Антивладините медиуми беа замолчувани преку зачудувачки ланец на затворски казни кои за 6 години ја донесоа Македонија од 34-то на 118-то место на Светскиот Индекс за Слобода- веднаш над Авганистан, значајно подолу од било која Европска земја, Политичката опозиција беше неутрализирана преку серија на убиства и понижувачки апсења, многу од нив проследени на првата национална телевизија.
Последните осум години од владеењето на Груевски беа смеса од контрадикторни политики.
Неолибералците кои налетаа на цела платформа приватизација, го оставија јавниот сектор на диета од евтини странски кредити. Еден од три Македонци сега работи во јавна администрација што беше бескрупулозно колонизирана од ВМРО; од универзитетите до правните и полицискитесили, екстензијата на државните договори беше зависна од лојалноста кон Груевски на анктетите.
Во речиси секое македонско село, се наоѓа зграда поседувана од ВМРО означена со знакот на партијата, лав кој рика; има повеќе канцеларии на партијата отколку болници во Македонија. Реформистот кој се залагаше за искоренување на градежничкото рекетирање, го институционализираше државното перење пари на непроценувачка скала. Кога прашав аналитичари во Скопје да ми ја објаснат финансиската состојба на Македонија, тие неможеа; финансиите на ВМРО и Македонскиот БДП се премногу испреплетени. Во Вашингтон, партијата троши 1,7 милиони долари годишно на лобирање фирмите да ги отфрлат партиските интереси и речиси 5 милијарди евра- пола од македонскиот БДП- заминале за офшор сметки откако Груевски е на власт.