Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: За кои капитални инвестиции ќе има пари и колку? 

0
By Нова ТВ on November 23, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 23, 2017 13:07

На хартија, повторно догодина е проектирано едно од највисоките нивоа на капитални расходи – буџетска ставка кој го профилира развојниот концепт на економските политики. Со Буџетот за 2018 година, на кој  за прв пат потпис стави сегашната Влада, предвидено е ниво на капитални трошења од 400,7 милиони евра, што во однос на годинава претставува раст за 20,3 милиони евра или за 5,3%, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Дел од веќе започнатите инфраструктурни проекти продолжуваат и во следната 2018 година,

“Капиталните инвестиции планирани на ниво од 24.645 милиони денари, се наменети за интензивирање на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања за довршување на  автопатот на Коридор X и железничката инфраструктура, енергетската и комунална инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина  и правосудството“ – наведува креаторот на економските политики.

Ќе има пари за плажи. гасификација, плоштад Скендер Бег, училишта …

 Преку Развоен дел на Буџетот за периодот 2018-2020 година, Владата преку буџетскиот документ ги обелодени плановите каде и во кои развојни прокети планира да троши пари. “Порталб“, детално ги обработува развојните програми опфатени преку министерствата.

Така, преку Службата за општи и заеднични работи на Владата, догодина за  реализација на  активности поврзани со вршење на градежни работи и реконструкции во објекти на Владата, ќе се потрошат нешто повеќе  од половина милион евра, а во буџетската 2019 година,  оваа сума незначително ќе се намали за околу 80 000 евра.

За осовременување, техничко доопремување и функционално поврзување на комуникациско-информатичките системи, односно за модернизација на Министерството за одбрана, преку развојната програма  догодина планирано е да се потрошат 310 000 евра. Во новиот Буџет преживеа и проектот „АРМ мој вистински дом“, што го воведе претходната Владата, па така за овој проект и за реконструкција и адаптација на дотраените објекти и инсталации на АРМ, планирани се средства во висина од 570 000 евра а  во 2019 година износот треба да се зголеми на 620 000 евра. Најголема сума е планирана за “Интеграција во НАТО“, во износ од 15,2 милиони евра а со Буџетот за 2019 сумата треба да достигне 16,5 милиони евра.

Кај Министерството за внатрешни работи, конкретно за реформи во полицијата кои подразбираат креирање на современа полиција, согласно ЕУ стандардите, одржување на поволна безбедносна состојба, спроведување на владеење на правото согласно националното законодавство, вклопување во регулативите и стандардите на ЕУ во сите аспекти на полициското работење, планирани се пари во износ од 8,6 милиони евра а во 2019 година оваа сума треба да се зголеми за повеќе од три милиони евра и да достигне  12,0 милиони евра.

За поддршка на развојот на мали и средни претпријатија, преку развојната програма на Министерството за економија, догодина планирана е сума од 630 000 евра. За изработка на проектна документација и градба на основна внатрешна и надворешна сообраќајна и техничка инфраструктура, водоводна мрежа, канализација, изградба на електротехничка инфраструктура, како и инфраструктурно доуредување на постоечките зони во ТИРЗ Скопје 1, ТИРЗ Скопје 2, ТИРЗ Штип, ТИРЗ Тетово, ТИРЗ Прилеп, ТИРЗ Струга и ТИРЗ Струмица, преку Дирекција за технолошки индустриски развојни зони планирани се средства во износ од 7 000 000 евра.

Догодина, треба да финализира и изградбата на Управна зграда на Министерството за транспорт, за што ќе се потрошат половина милион евра, а преку истото министерство за изградба на социјални станови планиран е износ од 5,4 милиони евра, Сумата за изградба на социјални станови во 2019 година треба да се зголеми на 6,2 милиони евра, додека во буџетската 2020 година не се испланирани средства за оваа намена.

За гасификација, клучниот проект кој беше во изборната програма на СДСМ, догодина со новиот Буџет ќе се одвојат 36,3 милиони евра. Во Буџетот за 2018 преживеа и Жичарата, со што за продолжување на изградбата се планирани средства во износ од 813 000 евра а во 2019 година оваа сума е двојно зголемена, на скоро 2 милиони евра. Во новиот Буџет ќе има пари и за  изградба на плажи во Дојран, Преспа и Охрид, за што се планирани близу 500 000 евра а исто толкава сума е најавена и за буџетската 2019 година.

Во Буџетот за 2018 година, повторно е најавено решение за индустриската зона Визбегово, каде бизнисмените, но и граѓаните,  се соочуваат со проблеми поради отсуство на елементрана инфраструктура. До година за водовод и канализација во индустриска зона Визбегово ќе се одвојат 325 000 евра.

Преку Министерство за образование, милионски суми ќе се одвојат за инвестиции во образование, Така, за изградба на основни училишта планирана е сума од 2,6 милиони евра и уште 800 000 евра за реконструкција на основни училишта. Дополнителни 4,0 милиони евра се планирани за изградба на спортски сали во основните училишта. За изградба на средни училишта се одвоени 650 400 евра и уште 500 000 евра за реконструкција на средни училишта, додека за изградба на спортски сали во средните училишта ќе се одвојат 1,1 милион евра. За реконструкција на училишни домови планирани се уште 500 000 евра а за изградба и реконструкција на студентски домови со Буџетот за 2018 се одвојуваат 4,4 милиони евра,

Преку Министерството за здравство, за реконструкција на Општата болница во Кичево одвоени се 1,1 милион евра а за изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип, во 2018 година ќе се потрошат 20,3 милиони евра,

Преку Министерството за локална самоуправа а за реализација на веќе започнатиот проект Скендер Бег, одвоена е сума од 2 милиони евра, со што овој проект треба да финишира догодина, со оглед на тоа што за оваа намена не се предвидени пари во буџетската 2019 и 2020 година.

За реконструкција и доизградба на 4 прeчистителни станици и канализациони системи во 8 населени места во општина Маврово и Ростуше, преку Бирото за регионален развој, одвоени се средства во износ од 850 000 евра.

Буџетот за 2018 година влезе во собраниска процедура, а прв филтер е Комисијата за финансирање и буџет, во која ќе бидат изнесени и амандманите на пратениците во однос на предложениот Буџет.

Буџет 2018 капитални инвестиции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.