Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализите потврдија: Соините трошки и шницли содржат ГМО

1
By Нова ТВ on August 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 10, 2018 13:49

Анализите во референтната лабораторија во ЕУ потврдија присуство на ГМО во соините шницли и трошки увезени во земјава од Србија од страна на компанијата Виталиа, а дистрибуирани преку КАМ ДОО Скопје. Количеството од 510 килограми соини трошки и шницли ќе бидат уништени, а увозниците и операторите ќе добијат парични казни до пет илјади евра. Казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.

– Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од суперанализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринаство.

Оттаму додаваат дека увезената соја е по потекло од компанијата “Сојапротеин” од Бечеј, Република Србија, а мострите беа земени во рамки на Мониторинг програмата за безбедност на храната која ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Во Република Македонија, производите соини шницли увезени се од операторот со храна “Виталиа”, а дистрибуирани во прометот преку операторот со храна КАМ ДОО Скопје. Увозот на соините трошки, извршен е од страна на операторот со храна “Сопродекс”, а во прометот, исто така биле дистрибуирани преку операторот со храна “КАМ” ДОО Скопје.

– Соините шницли и соините трошки во количина од 510 килограми, дел затекнати во магацин, дел повлечени од продажба, се наоѓаат под официјален надзор и деновиве ќе бидат нештетно уништени, исто како и позитивната мостра ориз во количина од 550 килограми, по потекло од кочанско, произведена од увозен семенски материјал, наведуваат од Агенцијата.

Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува  план за контрола за присуство на ГМО  кај  годинашнава нова реколта ориз што се произведува во Република Македонија.

Согласно Законот за безбедност на храна, забранет е увоз, производство и промет во Република Македонија на  храна и производи од храна која содржи ГМО или е составена од ГМО.

За увозниците и за операторот со храна кој извршил промет на ваквите производи во Република Македонија, согласно овој закон ќе им бидат изречени парични казни во висина до пет илјади евра во денарска противвредност, а казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.

Вчера, на прес конференцијата директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов соопшти дека во два производи е пронајдено присуство на ГМО, при што посочи дека се работи за ориз произведен во кочанско, но од семе кое содржи ГМО и шницли од соја со потекло од Србија, од фирмата Виталиа.

Од компанијата Виталиа испратија реакција во која се вели дека „Продуктите на Виталиа се произведени согласно високите европски стандарди и европските регулативи за квалитет и како такви се извезуваат во 55 земји ширум светот. Соините презли и шницли потекнуваат од најреномираната компанија за производство на соја во регионот –„Соја Протеин“  која е најголема фабрика за обработка на соја во Србија со капацитет од 250 000 тони годишно. Таа е една од најважните процесори на Нон ГМО соја во Европа. Во исто време таа е една од ретките компании кои обработуваат исклучиво генетски немодифицирана соја со строго контролирано потекло и квалитет“.

 

АХВ Виталиа соја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.