Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андов: Времената спогодба го заштитува македонскиот Устав

4
By Нова ТВ on February 7, 2018 ПОЛИТИКА
AppleMark
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема никаква потреба од промена на Уставот во членовите 3 и 49, вели поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов. Тој во изјава за НОВА, вели дека македонското Собрание уште на 6 јануари, 92 та изгласа амандмани за овие членови на Уставот.

 

Членот 3 од Уставот на Република Македонија гласи:  „Територијата на Република Македонија е неделлива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот“.

Членот 49 од Уставот гласи: „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство“.

Андов вели дека амандманите на Уставот биле усогласени со францускиот експерт  Бадентер, по барање на Грција која и тогаш тврдела дека Македонија има територијални претензии. Грците се соласиле со текстот на амандманите, а потврда добиле и во Обединетите Нации.

Во амандманите 1 и 2 се наведува:

Амандман 1: 

1.Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.

2.Границата на Република Македонија може само да се менува во согласност со Уставот а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.

3.Со точката 1 на овој амандман се дополнува членот 3, а со точката 2 се изменува ставот 3 од членот 3 на Уставот на Република Македонија.

Амандман 2:

1.Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

2.Со овој амандман се дополнува ставот 1 на членот 49 на Уставот на Република Македонија.

 

„Аминот“ што го  дала  Грција, се гледа и во Времената спогодба, која беше потпишана по интервенцијата во Уставот. Токму, времената спогодба во Членот  6,  вели Андов, го заштитува македонскиот Устав.

Во Член 6 се вели:

1. Втората Страна овде свечено изјавува дека ништо во нивниот устав, а особено во Преамбулата и во Членот 3 од Уставот не може, ниту треба да биде толкувано, ниту кога било ќе биде толкувано како основа за какво било побарување од Втората страна на каква билло територија која не е во нивните постоечки граници.

2.Втората Страна овде свечено изјавува дека ништо во нивниот Устав, а особено членот 49, како што е изменет со Амандмани не може ниту треба да биде толкувано, ниту кога било ќе биде толкувано како основа за Втората Страна да се меша во внатрешните работи на друга држава за да заштитува статус на кој било други личности во други држави кои не се граѓани на Втората Страна.

3. Втората Страна уште свечено изјавува дека толкувањето во параграф 1 и 2 од овој член нема да бидат поништени со какво било друго толкување на нејзиниот Устав.

 

За барањето пак на Грција за „ерга омнес“ Андов категорично тврди дека за вакво барање нема основа ниту во времената спогодба, ниту во двете резолуции усвоени од Обединетите Нации. Со вакво барање, Грците за првпат настапија во 2008.  Според Андов, ова е барање кое е без преседан.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто за националната телевизија ЕРТ неодман рече дека за кој било договор за решение меѓу двете земји потребно е Македонија да направи уставни промени. Запрашан за тоа што би требало да се промени во Уставот, Никос Коѕијас ги посочи преамбулата и два члена, без да открие дополнителни детали.

Денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евентуални уставни измени, рече дека не гледа потреба за промена на Уставот.

– Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира  членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраните иредентизмот. Во моментов се што правиме е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, територијални или какви било, дека Македонија нема иредентистички побуди. Македонија сака да гради пријателство, и од тој аспект, не гледам потреба за тоа, рече Заев.

Тој повтори дека решението за името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни и според него, тука нема дилеми.

 

амандмани Андов Времена спогодба Заев Коѕијас Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.