Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангела во европски поход за спас на Шенген и германската влада

2
By Светлана Јовановска on June 19, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на мигрантите што пристигнуваат во Грција и Италија расте, но бројот на мигранти што побарале азил во ЕУ во 2017 година бележи голем пад од 44 отсто. Истовремено, европската дебата за мигрантската политика влегува во жешки води и се заканува дури да ја урне германската влада.

По една недела полемика и остри размени на изјави помеѓу канцеларката Ангела Меркел и нејзиниот конзервативен министер за внатрешни работи Хорст Сихофер, од баварската ЦСУ, постои вистински ризик за распад на кревката коалиција во Берлин која дојде на власт пред одвај 3 месеци.

Невозможната мисија на Меркел?

Меркел тргнува во тешка, за некои невозможна мисија – како да се најде решение што ќе ги задоволи и баварската членка на нејзината коалиција и Италија и Грција кои бараат правична поделба на мигрантите во сите земји членки. Во оваа дебата својот твитерски збор мораше да го каже и американскиот претседател Доналд Трамп долевајќи масло во огнот.

Сихофер предупреди дека е подготвен веднаш, уште во јули, да ги затвори германските граници за мигрантите што доаѓаат од друга европска земја доколки канцеларката не најде “слично” европско решение на самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни.

– Јас сум решен ова да го применам ако европските преговори не успеат, изјави министерот.

ЦСУ се подготвува за тешки регионални избори во Баварска во октомври во кои ќе се бори со екстремната десница на Алтернатива за Германија па оттука нервозата на Сихофер. Нервоза која може да ја растури коалицијата за ЦДУ на Меркел. Сојузот помеѓу овие две партии датира во 1949 година.

Меркел значи доби рок од две недели, до самитот на ЕУ. Таа смета дека судбината Европа е во прашање поради мигрантската политика и нејзина цел е да се избегне “домино ефект” кој би бил фатален.

Нејзините двајца први соговорници во ЕУ, во обид да се најде решение, се Италија и Франција. И може да се каже дека доби поддршка од новиот премиер Ѓузепе Конте кој вчера беше во Берлин и повика на повеќе солидарност во ЕУ и подобра контрола на границите.

Ангела Меркел и Ѓузепе Конте

Таа вети дека ќе стори се за да најде европско решение но го отфрли ултиматумот на Сихофер уверувајќи дека нема да има “автоматско” затворање на границите за азилантите дури и ако нејзините напори во ЕУ не успеат.

– Не сакаме да реагираме унилатерално, без договор и начин кој може да им нанесе штета на сите, изјави таа.

Меркел изјави дека проблемот со мигрантите мора да почне да се решава со Северна Африка и особено Либија и поради тоа треба соработка со Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации УНХЦР.

Денес Германија и Франција во Берлин одржуваат заеднички состанок на нивните две влади на кој главна тема ќе биде – мигрантската политика.

Ќе најдат ли Меркел и Макрон излез од мигрантската криза?

Трамп фрла масло врз огнот

Новиот твит на Трамп внесува раздор во ЕУ. Американецот со својот твит му даде поддршка на Сихофер. Тој напиша дека “германскиот народ се врти против своето раководство” во мигранската политика и додаде дека “криминалот на Германија е во голем пораст”.

Статистиките го велат токму спротивното – бројот на претсапи во Германија во 2017 година не бил толку низок а ваква ниска бројка е забележана во 1992 година.

Како што вели Дојче Веле “ова едноставно е лага, но тоа е составен дел од секој просечен Трамп-твит”. Текстот на Дојче Веле вооопшто не е нежен кон Трамп а во него пишува дека “овој американски претседател веќе нема сојузници, особено не во Берлин”.

Со ова тврдење на Дојче Веле се сложуваат и многу еропски медиуми денес и ги анализираат сите лаги на Трамп во однос на Германија и Европа.

Западниот Балкан на мигрантската агенда на ЕУ

Поради оваа комплексна европска ситуација со мигрантите, денешната средба на министрите за внатрешни работи на шесте земји од Западен Балкан со претставници на австриското и бугарското претседателство со Унијата може да биде важна.

Според најавите на министерски состанок ќе се разговара за миграциските предизвици на ЕУ.

Како што јави дописничката на МИА во Брисел, се очекува на средбата да се разгледува и предлогот за отворање кампови за бегалците во земјите од регионот на Западен Балкан.

Што велат ЕУ статистиките

Во првите пет месеци од оваа година во Италија пристигнале 13.450 мигратни, што претставува раст за 77 отсто на годишно ниво, во Грција над 19.800 мигранти а в Шпанија – 8.200, што е за 59 проценти повеќе во однос на периодот јануари-мај 2017 година.

Според податоците на Европската агенција за контрола на гранциите – Фронтекс, ваквата бројка на пристигнати мигранти во Грција претствува пораст за 90 отсто во споредба со истиот период лани.

Идејата на Меркел на и на Европската комисија, е да им се помогне на овие земји со тоа што другите членки на ЕУ ќе покажат солидарност и ќе земат кај себе одреден број од овие лица што бегаат од војна.

Најголемиот број од лицата кои лани побарале азил во некоја земја членка на ЕУ потекнуваат од Сирија, Иран или Авганистан.

Најмногу барање за азил биле поднесени во Германија, а потоа следуваат Италија, Франција, Грција, Велика Британија и Шпанија.

Ангела Меркел Доналд Трамп Ѓузепе Конте Емануел Макрон ЕУ мигрантска политика твит Хорст Сихофер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.