Се наоѓам над с. Богословец, светиниколско, каде пожарот зафати неколку стари куќи во кои не живее никој. Нема жртви, нема повредени. Благодарение на интеревенцијата на ТППЕ Св. Николе и посебно светиниколското доброволно противпожарно друштво пожарот во селото е изгаснат но се движи кон соседниот врв до врвот Богословец како и на исток од селото.
Очекувам до раните утрински часови пожарот да биде ставен под контрола,напиша вечерва на својот ФБ профил директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.