Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: До крајот на неделата 100.000 платежни картички до граѓаните

0
By Нова ТВ on June 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 15, 2020 14:10

До крајот на неделата се очекува да се дистрибуираат околу 100.000 картички од банките до корисниците на домашниte платежни картички, а веќе 10.000 граѓани ги имаат добиено картичките и можат да ги користат, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“. 

„Нов податок што го имаме од утринава е дека до крајот на неделата се очекува да бидат дистрибуирани 100.000 картички, а 10.000 граѓани веќе ги имаат добиено картичките и може да плаќаат и да купуваат со нив. И бидејќи најголемиот број од картичките е кај три од поголемите банки кои дистрибуираат, до крајот на неделата се очекува околу 100.000 картички да завршат и да бидат дистрибуирани кај граѓаните. Интензивно секој ден се доставуваат, дистрибуираат, подигнуваат платежните картички“, истакна Ангеловска. 

Лицата кои се опфатени со уредбата, а кои поради техничка грешка ги нема на листата, ќе можат да поднесат приговор до утре. 

„За време на викендот е одговорено на над 1.000 граѓани кои поднеле приговори. Се работи за дистрибуирани мејлови до соодветните институции, дали е тоа Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика, итн. Со цел да се проверат по матичен број, да се увиди дали се работи за техничка грешка и испуштање или за поднесен приговор, а лицето можеби не ги исполнува условите согласно уредбата. Сите кои треба да добијат, а поднеле приговор, ќе добијат платежна картичка, додека на останатите ќе им биде одговорено. Но, да имаме предвид дека процесот ќе потрае со оглед на големиот број мејлови“, рече Ангеловска.

Во однос на барањето на пасивните баратели на работа, министерката посочи дека ова е обемна мерка и дека се однесува на активните баратели на работа кои сакаат да бидат вработени. Лицата кои не бараат работа преку Агенцијата не соодвествуваат на таргет категоријата.

„Лимитот е поставен на одредено ниво и се работи за обемна бројка од 120.000. Да не заборавиме да напоменеме дека претседателот на Владата ги презентираше мерките и точно овој критериум на 17 мај беше посочен, така што 5.000 нови лица кои не биле пријавени како активни баратели се пријавија до 22 мај, до соодветниот рок. И тие лица влегоа во листата. Значи имаше и соодветен период во кој лицата кои бараат работа можеа да се пријават во Агенцијата за вработување“, појасни Ангеловска.

Таа посочи дека преку овие мерки се стимулира стопанството и економијата и се очекува да се амортизира ударот врз економијата.

„Се е дизајнирано на тој начин да ги ублажи последиците врз економијата“, подвлече Ангеловска

граѓани Нина Ангеловска платежни картички Финансси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.