Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет, напиша министерката за финансии ,Нина Ангелоска на својот фесбук профил.
„Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем во април оваа година споредено со април лани. Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот“, наведува во објавата.
Таа додава дека најмногу заштитна опрема, според вредност, е извезена во Германија, во Катар, во Холандија, во Белгија и во Австрија и оценува дека брзата адаптација е клуч за успехот.
„Се шијат и извезуваат:маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски. За 300% е зголемен извозот на ”други текстилни производи”: април 2020 – 390 милиони денари, април 2019 – 135 милиони денари“, наведува министерката во објава на Фејсбук.