Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски: Македонија покажа дека не припаѓа во Д дивизија

0
By Нова ТВ on November 20, 2018 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија покажа дека не припаѓа во Д Лигата на нации, истакна меѓудругото селекторот Игор Ангеловски по убедливите 4:0 над Гибралтар во последното коло во групата 4 и освоеното прво место на табелата со 15 бода (пет победи и пораз). Предводникот на националниот тим не криеше задоволство од успешно исполнетата мисија и осигурената предност на домашен терен во полуфиналето против Белорусија или победникот од средбата меѓу Косово и Азербејџан во Приштина (вторник, 20.45 ч.).

„Најголеми заслуги за овој успех имаат фудбалерите. Нивната напорна работа во изминатиот период даде резултат. Првичната цел е исполнета. Наредната е пласман на Европското првенство во 2020 година“, рече Ангеловски по мечот со Гибралтар и заокружената кампања со 14 постигнати гола и пет примени.

И покрај позитивната резултатска низа на фудбалерите, сепак, на трибините на арената „Филип Втори“ имаше симболичен број на гледачи. Причини може да се бараат во студеното време или во неатрактивниот противник, но репрезентацијата несомнено заслужи поголема поддршка и посетеност на натпреварите во период во кој е во нагорен тренд според резултатите и играта.

„Сакам да останеме фоклусирани на нас. Верувам дека полуфиналето на домашен терен ќе привлече поголем интерес кај гледачите. Овие момци го заслужуваат тоа“, беше коментарот на селекторот.

Ангеловски не изрази особена желба за евентуалниот противник во полуфиналето меѓутоа истакна дека стручниот штаб и играчите остануваат силно посветени на целта што следува за историски пласман на завршен турнир во сениорска конкуренција.

Игор Ангеловски Лига на нации Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.