Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев негира конфликт на интереси за тендерот со Фероинвест

1
By Нова ТВ on September 10, 2017 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Кочо Анѓушев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 10, 2017 16:46

Вицепремиерот Кочо Анѓушев негира конфликт на интереси бидејќи тој е сопственик, но не и управител на „Фероинвест“, фирмата која се појави на милионскиот тендер на ЕЛЕМ за набавка на гумени траки за РЕК Битола.

За тоа дали оваа и другите негови компании ќе се појавуват на државните тендери, Анѓушев вели дека тоа останува да биде одлука на менаџерите на фирмата, согласно стратегиите за делување и развој. Тој не чувствува никаква морална одговорност, бидејќи како што вели, се е според Закон.

„Согласно Законот за спречување на корупцијата имам обврска да се повлечам на компаниите. Никаде во тој Закон не е наведено дека треба да престанам да бидам сопственик на компаниите. Тоа значи дека никој не треба да биде потпретседател на Влада бидејќи секој е сопственик на нешто. Јас не управувам во компаниите и како потпретседател на Влада не сакам да имам ниту еден бенефит од моето управување во Владата“, вели Кочо Анѓушев.

Од опозицијата велат дека неиздржано и потценувачко е правдањето на вицепремиерот Анѓушев дека тој не бил управител, туку само сопственик на фирмата „Фероинвест“, сметајќи дека парите повторно ќе завршат во неговиот џеб. За нив тендерот е криминален и сметаат дека треба да се поништи, а Анѓушев да поднесе оставка.

Од ЕЛЕМ вчера ја информираа јавноста дека тендерот е започнат во време на претходното раководство на компанијата поставено од ВМРО-ДПМНЕ и дека две аукции досега се поништени. За нареднава недела најавија нова аукција за тендерот со гумени траки за РЕК Битола, на која може да учествуваат сите заинтересирани.

Влада ЕЛЕМ Кочо Анѓушев Фероинвест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.