Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев: Предложениот буџет е најреформскиот досега

2
By Нова ТВ on November 26, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот Анѓушев смета дека предложениот буџет е најреформскиот досега. На денешната прес конфереција тој изјави дека буџетот ќе овозможи раст на бруто домашниот производ од 3,2% во 2018 година, а дека буџетскиот дефицит ќе биде намален во однос на 2017 година и ќе изнесува 2,7%.

Во буџетот се планирани капитални инвестиции од над 24 милијарди денари и дека Владата ќе работи напорно да над 80% од планираните капитални инвестиции бидат реализирани. Буџетот за 2018 година е проектиран во висина од 211,7 милијарди денари, со реална приходна и расходна страна, а очекување на Владата е тој да обезбеди стабилност, развој и правична распределба на народните пари.

„Наменивме над 1 милијарда денари за Програмата за поттикнување на вработувањето , што претставува 5% повеќе во однос на 2017 година, со кои ќе стимулираме нови подобро платени работни места. Ќе ги поддржиме компаниите да исплаќаат повисоки плати, со што ќе ја отвориме спиралата за покачување на просечната плата“, рече Анѓушев.

За програмата за економски развој, според предлог буџетот за 2018 година се наменети 46% повеќе средства, се крати од непродуктивни трошоци, како што е промоцијата на Македонија како бизнис дестинација.

„За 91% се кратат непродуктивни трошоци за рекламирање и промоција на Република Македонија, што е најголемо скратување на средставата во Програмата за економски развој. Од друга страна за поддршка на домашни гринфилд инвестиции се наменети над 900 милиони денари или 592% повеќе во однос на ребалансот во 2017 година, 585 милиони денари или 23% повеќе средства за привлекување на странски инвестиции, како и 385 милиони денари за поддршка на инвестициони вложувања. Домашните и странските инвеститори имаат исти услови за инвестирање, независно дали ќе се одлучат да инвестираат во Технолошко индустриските развојни зони или надвор од нив“, дополни вицепремиерот Анѓушев.

буџет 2018 година Кочо Анѓушев презентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.