Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев се откажа од платата, но не и од милионски тендери

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кочо Анѓушев, потпретседателот во Владата, најбогатиот функционер во Кабинетот на Зоран Заев е единствениот кој се откажа од својата плата од 81.000 денари и рече дека ќе ја донира во хуманитарни цели, како гест на добра волја дека парите не му се неопходни. Но, и натаму ќе конкурира на сите тендери со неговата фирма „Фероинвест“ кога ќе има бизнис интереси. 

Денеска на прес конференција излезе раководството на „Фероинвест“и бизнис партнерите на Анѓушев кои соопштија дека се било законски во последниот тендер на ЕЛЕМ, вреден 2,6 милиони евра, каде фирмата на Анѓушев беше една од понудувачите и имала најдобра понуда и најниска цена.

Управителот на „Фероинвест“ Ратко Ѓорѓиоски, рече дека тендерот бил распишан на 27 февруари оваа година. Понудата од„Фероинвест“до ЕЛЕМ била поднесена на 13 април. Во тој период Анѓушев е управител во фирмата, а новата Влада се уште не е формирана. На 25 јуни Анѓушев се повлекува од сите фирми каде бил управител, но и натаму останува сопственик.

Фото: Од денешната прес конференција на раководството на „Фероинвест“

На 3 јули се одржала првата аукција за тендерот на ЕЛЕМ, а потоа и втора на 8 август која била поништена поради жалби на некои од фирмите понудивачи. На двете аукции „Фероинвест“ понудила најниска цена, вели Ѓорѓиоски. Договор со „Фероинвест“ се уште не е склучен, бидејќи треба да се одржи трета аукција, на која како што денес беше соопштено, фирмата на Анѓушев повторно ќе конкурира.

Ѓорѓиоски изјави дека „Фероинвест“ постои 14 години, а досега добила повеќе тендери во земјава. Последен пат кога „Фероинвест“ добила бизнис зделка било во 2014 година. Тој не сакаше да каже колкава е сумата на досегашните договори кои ги склучила групацијата, ниту пак колкава ќе биде добивката од последниот тендер на ЕЛЕМ.

„Остварениот профит во овој момент не го знам, тоа го знаат стручните служби кои ги определуваат цените со кои се конкурира на тендерот“, рече Ѓорѓиоски.

Тој додаде дека тоа што Анѓушев сега е вицепремиер не ја менува конкурентската позиција на „Фероинвест“.

„Коментарите на определени политички партии нема да ги коментирам, но можам да ви кажам дека согласно Законот за спречување на корупција и Закон за спречување на судир на интереси, сопственичката структура не е во никаква незаконска констелација со управувањето на „Фероинвест“ и со конкурирањето на било кој тендер. „Фероинвест“ ќе учествува на сите тендери каде има деловен интерес, бидејќи во групацијата се вработени 800 луѓе и има склучено договори не само тука, туку најголем дел во странство и тие треба да се почитуваат. Затоа секоја алузија за содружничката структура на вицепемиерот ја сметам за злонамерна и излишна“, изјави управителот Ѓорѓиоски.

Вчера и самиот Анѓушев изјави дека нема конфликт на интереси, законот не е прекршен, бидејќи тој е сопственик, а не и управител на компанијата. Тој рече дека не чувствува никаква морална одговорност, бидејќи за нема ништо спротивно на законите за последниот тендер.

„Никаде во Законот за спречување на корупцијата не е наведено дека треба да
престанам да бидам сопственик на компаниите. Тоа значи дека никој не треба да биде
потпретседател на Влада бидејќи секој е сопственик на нешто. Јас не управувам во
компаниите и како потпретседател на Влада не сакам да имам ниту еден бенефит од
моето управување во Владата“, рече Анѓушев.

Инаку, последниот тендер на ЕЛЕМ каде „Фероинвест“ понуди најниска цена е за производство на гумени транспортни ленти за потребите на РЕК Битола. Рамковната вредност на тендерот е 4 милиони евра, а на конкретниот договор 2,6 милиони евра. Кочо Анѓушев во 2013 година беше меѓу петте најбогати македонски граѓани на листата на „Форбс“.

АД ЕЛЕМ денеска до медиумите ги понуди на увид податоците поврзани со текот на целата тендерска постапка до овој момент, бидејќи како што велат таа се уште не е завршена.

Според документацијата ,,Фероинвест” доставил понуда до АД ЕЛЕМ на 12.04.2017 година во 15:37 часот преку Електронскиот систем за јавни набавски (ЕСЈН). Јавното отворање на понудите се одржа на 13.04.2017 година, а евалуацијата е завршена на 29.06.2017 година.

Првата аукција е одржана на  03.07.2017 година за сите 5 лота (одвоени пакети за набавка), а првата одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена на 10.07.2017 година

Решение од Државната комисија по жалби за јавни набавки (ДКЖЈН) со кое ја враќа постапката во повторна евалуација е донесено на 28.07.2017 година.

Повторната евалуација е почната по добивање на решението од ДКЖЈН и завршена е на 04.08.2017 година

Втората аукција е одржана на 08.08.2017 година за сите 5 лота, а одлуката за избор е донесена на 15.08.2017 година. На 1 септември 2017  е донесено решение од Државната комисија по жалби за јавни набавки со кое ја враќа постапката во повторна евалуација.

 

 

 

вицепремиер Влада ЕЛЕМ Кочо Анѓушев Феронвест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.