Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анима Мунди предупредува дека има масовно труење и убивање на кучиња

0
By Нова ТВ on March 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 25, 2017 13:14

По трагедијата во кичевско кога 4-годишно дете беше нападнато од кучиња и потоа почина, здруженијата за заштита на животните предупредуваат дека почнало масовно убивање и труење на кучиња низ цела Македонија. Оттаму апелираат да не се злоупотребуваат личните трагедии и несреќи за да се убиваат животните. Во продолжение ви пренесуваме дел од денешното соопштение.

„Ние, здруженијата за заштита на животни Анима Мунди (Скопје), Анималиа (Охрид), Гласот за животните (Велес), Animal World (Струга), Мали херои (Битола), Спаси живот (Штип), Срце за животните Тиквеш (Кавадарци), ЕДЕН (Скопје), Асоцијација на активисти за правата на животните (ААПЖ) , искажуваме дополнителна загриженост што по страотната несреќа при што четири годишно дете беше жртва од напад на кучиња со сопственик, граѓаните масовно ни пријавуваат труења на бездомни животни, дури и нивно застрелување.

На застрелување и хајка врз сите бездомни кучиња  јавно повика и пејачот Наум Петрески, кој за својот примитивизам, говор на омраза, поттикнување насилство ќе добие кривична тужба. Истиов ден кога повика на одстрел со пушка се убиени две бездомни кучиња – мајка и нејзиното кутре.

Во однос на труењата расфрлан е високораздорен, смртоносен отров на секаде, во бројни градови и села во Република Македонија. Расфрлан е отров кој, при само вдишување е фатален за животните, но и секој возрасен човек, а камо ли дете. Отровот во храна е фрлан на високофрекфентни локации, шеталишта, игралишта, дури и детски градинки.

Труењата се истовремени во повеќе градови и села што укажува дека се  институционално синхрозирани и реализирани. Денес до  нас стигна снимка на која се снимени 2 лица како фрлаат отров, со кој убија повеќе маалски животни. Знаеме дека зад ова постои план и организација и се сомневаме во општините.

Здруженијата апелираат да не се злоупотребуваат лични трагедии и  несреќи за да се убиваат животните и покријат некомпетентноста, незаинтересираноста, одговорноста на институциите кои ја имаат во однос на проблемот со бездомните кучиња. Тие упатија повеќе барања.

1) Да се прекине со сите непотребни, нехумани и скапи кампањи за убивање на животните и да се применува исклучиво методата на масовна стерилизација на кучињата, нивна вакцинација и трајно обележување, на национално ниво; Знајте – стерилизирано куче има избалансиран хормонален статус, не е раздразливо ниту агресивно (нема мали да ги брани, ниту нагон за парење), обележано е и ја чува локацијата од наезда на други кучиња!

2) Да се создаде јавна и единствена база на податоци од домашни миленици; да се спроведе идентификација и регистрација на животните со сопственик;

3) Да се поттикнува кастрација и стерилизација на домашните миленици преку оданочување за некастриран миленик и субвенционирање на кастрацијата и стерилизацијата од страна на општината/државата.

4) Да се излезе со програма која ке ги опфати и ќе им помогне  на сопствениците на миленици во руралните и приградски средини ( овие кучиња најчесто во поголем дел од денот лутаат слободно) каде достапност на ветеринарни услуги и грижа е дефицитарна, со мобилни вет. екипи за кастрација.

5) Задолжително да се воспостави соработка со здруженијата за заштита на животни кои се неизбежно потребни и на нив да се гледа како на активни партнери на институциите надлежни за проблемот со бездомни кучиња.

6) Да се регулира и најстрого да се казнува злоупотребата на кучиња во борби и создаде регистар на лица кои организирале / учествувале во борби на животни.

7) Имајќи ја во предвид длабочината на овој проблем во Република Македонија, предлагаме и воведување на забрана за непречено размножување на домашни животни и применлив систем на санкции во случај на неодговорно сопствеништво.

8) Полиција или посебна служба за заштита на животните, која нема да постои само фигуративно, туку ќе постапува на дело и превенира/евидентира/ казнува насилници и насилство врз животните“.

Анима Мунди кучиња
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.