Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета Еврометар 2018: Важно е веднаш да се најде решение за спорот

0
By Нова ТВ on April 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мнозинството Македонци и Грци сметаат дека е важно веднаш да се најде решение за спорот за името и дека одложувањето на разрешувањето ќе биде на штета на државата, покажуваат анкетите на јавното мислење кои во Македонија ги спроведе Центарот за европски студии во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберет, а во Грција фондацијата за надворешна политика „Елиамеп“.

На прашањето: „Колку е важно веднаш да се изнајде решение за спорот за името?“, 44 проценти од Македонците одговориле дека е „многу важно“, а 31 процент дека е „важно“.

Во Грција, 53 проценти одговориле дека е „многу важно“ веднаш да се изнајде решение за спорот, а 19 проценти дека е „важно“.

На прашањето дали верувате дека одложувањето на разрешувањето на спорот е на штета на државата?, 61 процент од Македонците одговориле потврдно, а кај Грците 56 проценти.

Речиси идентичен е процентот на Македонци и Грци кои на прашањето, какви се односите меѓу двете земји, одговориле „ниту добри, ниту лоши“- 50 проценти во Македонија и 57 проценти во Грција. Сепак,  значително е поголем процентот на Грци кои односите ги оцениле како „добри“ – 30 %, а кај Македонците  само 14% рекле дека односите се „добри“.

За истражувачите е важен и податокот дека 30 проценти од Македонците рекле дека во изминатите три години биле во Грција, што значи околу 600 000 луѓе од вкупната популација во земјава патувале за Грција.

 

Компаративна анализа на двете анкети покажува дека Македонците и Грците најмногу се разликуваат според перцепцијата на земјите во кои гледаат закана.

Секој втор Грк рекол дека најголема закана  е Турција, а Македонија за непријателска земја ја посочиле само 2,5 проценти. За Македонците пак најголема закана е Грција (27,76% кај Македонците и 10,73% кај Албанци), а најголем пријател е Турција (18,2% Македонци и 13,3% Албанци). Турција е најпријателска земја и за гласачите на СДСМ и за гласачите на ВМРО ДПМНЕ. По Турција, за најпријателска земја е посочена Србија, потоа Русија, Германија , Бугарија, САД.

Споредено со анкетата направена во ноември, расте подршката за влез на Македонија во ЕУ и е најголема досега 70 отсто.

На прашањето:  Доколку во недела се одржи рефрендум со прашање „Дали сте за влез на Република Македонија во ЕУ?“, како би гласале?, 70 проценти одговориле дека ќе гласаат потврдно. Во номври, овој процент бил 68%. Зголемен е и бројот на граѓани кои позитивно го оцениле Договорот за добрососедство со Бугарија. Сега, 48,99 проценти рекле дека Договорот е позитивен, а во ноември овој процент бил 42,80.

 

 

анкета пријателска земја спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.