Крајно десничарската Алтернатива за Германија за првпат е пред Социјадемократската партија и би можела да биде втора доколку сега се одржат избори, покажува најновата анкета во Германија.
Според неа, 16 отсто од гласачите би ја избрале Алтернатива за Германија, додека СПД би имале 15,5 проценти.
На парламентарните избори во септември лани Алтернатива за Германија доби 12,7 насто, додека СПД 20,5 насто од гласовите, што беше најлош резултат на оваа партија од 1949 година.
Конзервативните демохристијани на канцеларката Ангела Меркел остануваат на прво место со 32 насто. Социјалдемократите и демохристијаните се подготвуваат да формираат коалицициска влада.