Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Хрватите се продуктивни помалку од шест часа дневно

0
By Ана Василевска on July 23, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 23, 2024 13:00

Речиси половина од вработените во Хрватска во просек се продуктивни на работа помалку од шест часа на ден, поминуваат 43 минути во дружење со колегите, 29 минути сурфајќи на интернет и 21 минута допишувајќи се со пријателите и семејството, покажува истражувањето на MojPosao.

Анкетата е извршена врз 800 испитаници. Според истражувањето, нешто помалку од половина од испитаниците (47 проценти) признаваат дека се најпродуктивни на работа помалку од шест часа дневно, една третина (37 проценти) рекле дека нивната продуктивност трае шест до осум часа на ден, а само 16 отсто од испитаниците се продуктивни и повеќе од осум часа.

Половина од испитаниците, 51 отсто од нив, се непродуктивни по два или повеќе часа дневно, додека просечното време на „безделништво“ е два и пол часа. Вработените најмногу време во текот на денот поминуваат во дружење со колегите, во просек 43 минути, потоа сурфаат на интернет 29 минути и се допишуваат со пријателите и семејството за што трошат 21 минута. Од друга страна, вработените трошат најмалку време на приватни телефонски разговори, 14 минути, но 15 минути поминуваат и на приватна работа надвор од канцеларија. Интересно е што испитаниците поминуваат само 17 минути од своето време на социјалните мрежи.

Анкетата покажа и дека дружењето со колегите, и покрај популарното мислење, не се случува во кафулињата, барем не во повеќето случаи. Само секој четврти испитаник излегува на кафе со колегите (24 проценти). За разлика од нив, останатите испитаници своето место за дружење го наоѓаат во заедничките простории на компанијата (62 проценти) или во самата канцеларија (50 проценти), а само понекогаш (25 проценти) дружењето станува пауза за продолжен оброк.

Загреб Продуктивност на работа Работни часа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.