НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета на МЦМС: За СДСМ би гласале 24,4%, за ВМРО ДПМНЕ 24%

0
By Нова ТВ on August 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во овој момент се со речиси изедначен рејтинг покажува анкетата на МЦМС.

На прашањето  „за која партија ќе гласате доколку утре се одржат парламентарни избори“, за СДСМ се изјасниле 24,4%, а за ВМРО ДПМНЕ од 24%.

За ДУИ рекле дека ќе гласаат  6,9%, за Алијансата за Албанците од 2,7%, за Беса 1,7%.

Дури 37,8 проценти од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат.

СДСМ се уште има подршка кај 8% од етничките Албанци, додека кај ВМРО ДПМНЕ таа е помала од 1%.

Анкетата на МЦМС  ја спроведе М-проспект. Податоците беа прибирани телефонски во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година.

Според оваа анкета, на референдумско прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“, „За“ би гласале 41,5%, а „Против“ – 35,1% од граѓаните. Помалку етнички Македонци би гласале „За“ (27,4%) отколку „Против“ (45,2%), додека кај етничките Албанци поддршката „За“ е убедлива (88% наспроти само 2,2% „Против“). Повеќето млади би гласале „За“ (49,2%), а со возраста опаѓа поддршката (34,9%).  Слична е тенденцијата и во однос на образованието – со поголема поддршка „За“ кај тие со повисоко образование.

Без оглед на исходот на референдумот, недвосмислена е поддршката за членство на Република Македонија во ЕУ (80,4%) и НАТО (79,9%).

Анкетата е спроведена на повеќеслоен стратификуван примерок од 1026 испитаници постари од 18 години, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење, а дизајниран според периодичната проценка на Државниот завод за статистика од 2017 година. Користен е случаен избор на испитаници, со рандомизирано бирање на броеви и методот на „нареден роденден“. Сите резултати се подложни на статистичка грешка од 3,1% со прифатливо ниво на доверба од 95%.

анкета МЦМС партии рејтинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.