Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Aнкета на ВМРО-ДПМНЕ: Која страна ја поддржувате во војната со Украина?

0
By НОВА ТВ Terziova on May 15, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ изработи теренска анкета на јавното мислење на 1.000 испитаници за периодот од 06 до 26 април 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

Покрај прашањето за која партија граѓаните би гласале ако утре се одржат предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ побара директни одговори на анкетното прашање „Која страна ја поддржувате во војната со Украина?“

Според анкетата на ИПСОС, 29 проценти од испитаниците одговориле дека ја поддржуваат Украина, 13 проценти Русија, а 10 проценти двете страни. Најголем број од испитаниците сепак одговориле дека не поддржуваат ниту една од двете завојувани страни, а 10 проценти одговориле дека не знаат за кого се.

Најголем дел од анкетираните граѓани на прашањето „Доколку утре се оддржат предвремени парламентарни избори и доколку на тие избори се кандидираат само партии, а не коалиции, за која партија би гласале?“ одговориле дека би гласале за нарачателот на оваа анкета – ВМРО-ДПМНЕ (22%), за СДСМ се одлучиле 12,9%, за ДУИ 6.2%, за Левица 5.4%, за Алијанса за Албанците 2.8%, за БЕСА 2% и за Алтернатива 1.3%. И оваа анкета како и многу други претходно покажува дека голем е процентот на неодлучни граѓани (17.1%), на оние кои одбиле да одговорат на директното прашање (15.8%) како и на оние граѓани кои и на вакви предвремени избори не би излегле на избори (10.6%) или заедно тие сочинуваат поголемо мнозинство (43,5%) од определените за некоја од политичките опции. Исто така и 3,9 проценти од анкетираните граѓани би гласале за друга политичка партија која не била на списокот на оваа анкета.

На прашањето „Кои се најзначајните проблеми?“, најголем дел од анкетираните граѓани одговориле дека тоа не се наведните опции туку останати теми – 24%, а биле прашани дали е тоа „Лош стандард, ниски плати и пензии, високи цени“ – 20%, Економија, финансии -19%, Невработеност 10%, Криминал, корупција 6%, Образование 4%, Иселување на млади од државата 3%, Меѓусоседски односи- односи со Бугарија 3%, Лошо здравство 2%, Лоши услови во земјоделие 2%, а 7 проценти од испитаниците одговориле со „не знам“.

Од учесниците во анкетата на ИПСОС, нарачана од ВМРО-ДПМНЕ е побарано и да го оценат досегашното работење на Димитар Ковачевски, па подеднаков број граѓани (24 %) одговориле дека има „многу лош резултат“ но и „добар резултат“, а голем дел (38%) работата на премиерот Ковачевски ја оцениле како „лош резултат“, наспроти 11% кои одговори дека има „одличен резултат“, а 3% одговори со „не знам“.

Граѓаните кои одговараат на прашањата на ИПСОС се запрашани и за актуелните преговори со Бугарија, конкретно делот со внесувањето на Бугарите во македонскиот устав при што требало да изберат една од следните изјави со кои се согласуваат највеќе. Еве како одговориле учесниците во оваа анкета:

– Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во Уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото за отпочнување на преговорите со ЕУ, потврдно одговориле 32%

– Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија за да ги вклучи Бугарите во Уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото за отпочнување на преговорите со ЕУ, за ова се согласиле 39%

– Македонија треба без услов да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира дека ќе го тргне ветото за отпочнување на преговорите со ЕУ, сметаат 10%. „Не знам“ одговори – 19%.

Портпаролката на СДСМ Боганка Кузеска на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање ја коментираше анкетата на ИПСОС:

-Ова е само уште еден доказ за обидите за блокади на Христијан Мицкоски, но и за манипулации. Целата македонска јавност имаше можност да види како се спроведуваат анкетите коишто се по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како и да е ова е уште еден доказ за паниката кај Христијан Мицкоски и неговата нервоза поради фактот дека секојдневно неговиот рејтинг опаѓа, соочен со фактот дека и фотелјата во белиот дворец не е сигурна и соочен со фактот дека изборите кои ќе се одржат 2024 година дефинитивно тој ќе ги загуби. Токму затоа Мицкоски нарачува вакви анкети и затоа тој брза, дури и по цена на штета на граѓаните, нагласи Кузеска.

На ова ВМРО – ДПМНЕ испрати реакција нагласувајќи дека „анкетите се најдобар одговор на лажните изјави на Кузеска“.

-Нема анкета на која СДСМ води. На СДСМ му се случува убедлив дебакл. Од владеењето на Ковачевски околу 62% не се задоволни граѓаните во Македонија. Резултатите од последната анкета потврдуваат дека СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерска средба за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори. Резултатите од анкетата на ИПСОС покажуваат дека Македонија со Ковачевски и СДСМ тоне во катастрофа, граѓаните се незадоволни. ВМРО-ДПМНЕ има речиси двоцифрена предност пред СДСМ, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија „состојбите во државата и ставот на народот е најголемиот импулс за брзи предвремени избори за спас од националната катастрофа.

-Анкетите само потврдуваат дека време е за избори, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.

анкета ВМРО ДПМНЕ Македонија Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.