Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкетната комисија во Собранието ќе ја разгледува претставката од родителите на загинатите деца во „Пулс“

0
By Zoran Ivanov on December 9, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 9, 2025 10:22

Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во македонското Собрание денеска закажа седница, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во писмото на Здружението се посочува дека ова за нив не е политичка тема, туку борба за правда за нивните деца и спречување на идни вакви случаи. Во писмото се нагласува дека не сакаат ништо повеќе од она што Уставот и законите треба да го гарантираат: одговорност и почитување на човековите права и човечкиот живот, а за што сметат дека постои јасна и неодложна обврска институциите да дејствуваат.

И затоа од Вас бараме, согласно Вашите надлежности како парламентарна комисија: Да поведете постапка за разгледување на овој случај како сериозна повреда на човековите права и слободи, особено правото на живот, безбедноста и правична постапка; Да ги повикате на сослушување сите релевантни институции, функционери и физички лица кои имале надлежност или биле во позиција на одговорност пред, за време и по трагичниот настан; Да иницирате темелна парламентарна истрага преку собраниската Постојана анкетна комисија со која раководите, со цел да се откријат сите слабости во системот и евентуални прикривања, со посебен акцент на улогата на корупцијата. Да предложите итни измени во законската регулатива за работа на угостителски објекти, вклучително и јасни безбедносни стандарди, транспарентност во издавање на дозволи и зајакнување на контролата врз инспекциските органи и доколку утврдите дека имало масовна повреда на човековите права во трагедијата од Кочани, да поведете постапка за утврдување на одговорноста кај носителите на јавните функции – се наведува меѓу другото во писмото од Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права и пратеник на Левица, Димитар Апасиев на 27 ноември кога информира за закажувањето на седницата соопшти дека поканети се претседателката на државата, премиерот, претседателот на Собранието, министерот за внатрешни работи и други претставници на надлежни институции. На седница родителите и блиските роднини на загинатите деца во трагедијата во Кочани ќе можат да се обратат на собраниската говорница.

Апасиев во пресрет на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера повторно упати апел до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, како што вели, „да не измислуваат изговори и да се појават на седницата“. Тој посочува дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е усогласен токму со нив, бидејќи единствено денеска, не било закажано судско рочиште за „Пулс“.

Минатата недела, пак, на предлог на пратениците од парламентарното мнозинство – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ во Собранието беше донесена одлука да се основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Северна Македонија која ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци.

Во Собранието денеска во 11 часот треба да започне и пленарната седница на која на дневен ред е дополнетиот Предлог на буџет на државата за 2026 година.

На 19 ноември, годинава, во судницата во КПУ Идризово започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари. На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

 

анкетна Кочани надзорна пулс Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.