Поморската база на американската армија во Бетесда, Мериленд, е затворена поради анонимна дојава за поставена експлозивна направа и спроведување на истрага за активен вооружен напаѓач, соопшти базата на Твитер.
Како што се соопштува, на сите војници им било наредено да се засолнат на безбедно место, откако утринава бил примен анонимен телефонски повик за наводно поставена бомба во објект покрај базата.
На територија на базата се наоѓа Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“.