Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска и се заканува на НОВА, а молчи за СЈО

0
By Влатко Чаловски on May 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 5, 2017 15:05

Специјалното јавно обвинителство потврди за НОВА ТВ дека побарало документација од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) како дел од финансиските истраги за одредени лица, за периодот од 2008 до 2015 година.

Имено, барањето до Антикорупциска за кое СЈО нема одговор, го доставиле на 24.април годинава, а на истиот ден Антикорупциската побара од Државниот архив да им одобри уништување на документација во растојание од 2002 до 2014 година.

– Ве известуваме дека во рамки на финансиските истраги што ги спроведува ова Јавно обвинителство до Државната комисија за спречување на корупцијата поднесени се барања за доставување на анкетните листови кои ги поднеле лицата за кои се водат финансиските истраги, потоа изјавите за судири на интереси, како и податоци за евентуално преземени активности на Комисијата и сите акти кои произлегуваат од преземените активности. Бараните податоци се однесуваа за периодот од 2008 година до 2015 година, се вели во одговорот на СЈО испратен до НОВА.

Оттаму потенцираат дека недоставувањето на бараната документација и нејзиното евентуално уништување би можело да има влијание на предистражните постапки со оглед дека ќе биде оневозможена проверката на имотната состојба која лицата за кои се спроведуваат финансиските истраги ја прикажале пред Комисијата во споредба со доказите кои СЈО  ги прибавува од различни институции.

НОВАТВ „нападната“ од реакции од Антикорупциската

По вчерашната објава на НОВА ТВ за уништувањето на документацијата, Антикорупциска испрати Демант со барање за исправка, но наместо прецизирање за тоа кој дел од пишаното не е точен, НОВА ТВ доби предупредувања дека не работи според новинарските стандарди.

„…Станува збор за рутинско редовно работење на Генералниот секретаријат на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно законските обврски и одредби според Законот за архивски материјал (“Сл.весник на РМ” бр.95/2012.  41/2014, 72/2015, 148/2015  и 169/2015),  Уредбата за канцелариско и архивско работењс (..Сл. весник на РМ” бр.1/2014) и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и  архивското работење (..Сл. весник на РМ” бр.99/2014), што согласно со член 16 од наведениот закон се однесува на сите државни органи, институции, јавни установи и служби и останати наведени во одредбата“, се вели во демантот со барање за исправка од ДКСК.

Фотографија: Решение потпишано од Советникот Зоран Трајковски од Државниот Архив со којшто се дава согласност за уништување на документација од Антикорупциската од 2002 до 2014 година.
Фотографија: Решение потпишано од Советникот Зоран Трајковски од Државниот Архив со којшто се дава согласност за уништување на документација од Антикорупциската од 2002 до 2014 година.

Некаде околку 23 часот, добивме реакција и од Државниот архив во која се вели:

„Пред донесување на Решението, стручно лице-советник за евиденција, заштита и стручен надзор на архивскиот материјал кај имателите при Државниот архив на Република Македонија изврши увид во предложениот попис на документарниот материјал за уништување и е константирано дека предложениот документарен материјал е со изминат рок на користење и во него нема архивски материјал“, потенцирајќи дека се испочитувани законските одредби при постапувањето.

Помеѓу двете реакции, НОВА ТВ испрати дополнителни прашања до Антикорупциска со цел да ни посочат што треба да се промени во текстот, но утрово околу 10 часот добивме нов демант и тоа доставен лично на рака каде наместо одговори на прашањата, добивме речиси и закани за тужби и глоби.

„Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако: не изврши објава на исправка согласно со членот 18 и 19 од овој закон (Законот за медиуми)“, се вели во вториот демант.

Но и понатаму, во име на вистината и расчистување на нејаснотиите, остануваат отворени прашањата кои Антикорупциска не ги одговори.

НОВА ТВ побара листа од документацијата и дали му одговориле на СЈО, но во демантите од Комисијата се вели дека „станува збор за рутинско редовно работење“.

 

Со цел транспарентност кон јавноста, во прилог ги доставуваме сите прашања за кои НОВА ТВ побара одговор од ДКСК, но до објавувањето на овој текст, нема ниту еден одговор.

Прашањата кои НОВА ТВ ги испрати до Антикорупциската комисија во три наврати интегрално

  1. Може ли да ни кажете како се прави селекцијата на списи кои треба да се уништат?

Веќе еднаш побаравме од Вашите вработени да контактираме со претседателот на Комисијата или со неговиот портпарол/ка на лице место легитимирајќи се, но одговорите наместо од Вас ги добивме од службите на врата.

  1. Како и да е можете ли да ни ја доставите листата со попис која сте ја доставиле до Државниот архив за уништување?
  2. Можете ли да ни одговорите дали на Специјалното јавно обвинителство ќе му ги доставите досиејата кои тие од Вас ги барале и дали сте се погрижиле списите пратени на уништување да не се содржат и досиеја кои им се потребни на СЈО?
  3. Зошто Антикорупциската комисија одлучила да носи одлука за ништење на документација на 24.април 2017 година, односно во истиот ден кога и Специјалното јавно обвинителство се обратило до Антикорупциската комисија со барање за доставување документација од 2008 до 2015?
  4. При носењето на оваа одлука, дали ги имавте во предвид и правните последици од кривична природа кои ги произведуваат Вашите одлуки, во случај помеѓу таа документација да се и документи витални за истрагите на СЈО?
  5. По демантите, односно Вашите барања за исправка на текстот објавен на НОВА ТВ под наслов „Антикорупциска со дозвола од Архивот уништува документација“, и нашите прашања на кои досега не доставивте ниту еден одговор, а со цел расчистување на нејаснотиите, до Вас доставуваме уште едно дополнително прашање кое гласи:

Дали во документацијата испратена на уништување, за што имате согласност и од Државниот архив, има било каква документација поврзана со предметите кои ги водевте за имотот на Никола Груевски или фирмите во Прага на господинот Сашо Мијалков а кои беа во Ваша надлежност?

Согласно духот на мисијата на Антикорупциската комисија – инсистирање на транспарентност и отчетност од избраните и именувани функционери во име на граѓаните, очекуваме претставниците на комисијата да постапат согласно своите преземени обврски пред Законот и да ги одговарат овие прашања пред јавноста.

Налог за уништување на хартија од ДС-Смит
Налог за уништување на хартија од ДС-Смит

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.