Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска бара да се поведе кривична постапка за ректорот на УКИМ Јанкуловски

0
By Соња Петрушевска on August 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 12, 2019 15:45

Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски спротивно на законите земал плата и од Ректоратот и од Клиниката за дигестивна хирургија каде е професор и хирург – утврди Антикорупциската комисија.

Јанкуловски кој е избран за  ректор во 2016 година, не го ставил во мирување своето работно место на Клиниката за дигестивна хирургија иако тоа морал да го стори според Законот за работни односи и Законот за здравствена заштита. Во овие два закони, пишува дека „доколку вработено лице биде именувано на друга функција,  своето работно место да го стави во мирување“ рече  Салаи Шемши – член на Антикорупциската комисија кој го водеше предметот по анонимна пријава.

Во одговорот што го добиле од клиниката и од ректоратот пишувало дека според Законот за високо образование ректорот се избира од редот на професорите, а според Законот за здравствена заштита тој не може да биде професор ако не ја врши дејноста и дека затоа работното место не е во мирување и дека тоа е направено во време кога е именуван и важел стариот Закон за високо образование.

Јанкуловски од Клиниката земал плата, а од Ректоратот „месечен надоместок“. Салаи Шемши наведе и дека  Универзитетот немал правилник за висината на надоместокот, но рече дека надоместокот кој му бил исплатуван на Јанкуловски бил во висина на плата.

Тие бараат Обвинителството да поведе кривична пријава против ректорот „за стекнување на материјална корист спротивна на законите“ и против директорот на Клиниката за дигестивна хирургија Жарко Караџоски за злоупотреба на службената положба.

Јанкуловски  исто така ќе треба  да ја стави во мирување својата работа како доктор односно професор и плата да зема само од Ректоратот. Тој има  право 70 проценти од своето работно време да го посвети на ректорската функција, а 30 проценти – на професорската, но незаконски е да  зема две плати, затоа што не ги извршува двете функции со полно работно време.

Антикорупциска побара Министерот за образование да ги суспендира одлуките на Интрауниверзитетската конференција 

Антикорупциската комисија на днеешната седница по анонимна пријава го разгледуваше и изборот на Интрауниверзитетската конференција на УКИМ и побара од Министерот за образование да ги суспендира сите одлуки донесени од оваа конференција како и да ги поништи одлуките за избор на членови во Националниот совет за високотo образование, одборот за акредитација и одборот за евалуација.

Антикорупционерите побараа да се повтори и изборот на членови на Интрауниверзитетската конференција која била конституирана  без претседателите на студентските собранија, актите за работа биле донесени со задоцнување од две години, не била исполнета обврската за јавност и транспаретност, не била изготвена веб страница и огласот за членови на одборот за евалуација и акредитација не биле објавени согласно закон.

 

Антикорупциска Јанкуловски УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.