Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска ги бара деталите за градбата на висококатниците кај Холидеј Ин

0
By НОВА ТВ on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 9, 2021 19:11

Антикорупциската комисија оди до крај со битката со парцелата на паркингот спроти Холидеј ин. Државната комисија за спречување корупција под лупа ќе ја стави издадената градежна дозвола, со која на местото се предвидува да „никнат“ повеќекатници. Проверката на антикорупционерите следи откако вчера градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изјави дека повеќе не постојат правни пречки за инвестироте „МГ Фешн“ и Македонската православна црква да почнат да ги градат зградите. Шефицата на Антикорупциска, Билјана Ивановска веќе ја побарала документацијата од општината.

– Ние денеска испративме писмо до Општина Центар со кое бараме да нѝ се достави градежна дозвола и осноен проект со цел да ги утврдиме сите детали поврзани околу дозолата, па ќе видиме понатаму дали ќе може нешто плус да се прави од наша страна или не, вели претседателката на Државната комисија за спречување корпуција во изјава за Канал 5.

Претходно, Општина Центар до Министерството за транспорт и врски понднесе елаборати за суспензија, со цел да добие мислење од Министерството за тоа како да постапи со спорните урбанистички планови изгласани во 2012 година. Министерството формираше Комисија за ова прашање, која утврди дека Општина Центар доставила до нив погрешни елаборати за суспензија кои не се изготвени согласно одредбите на Законот за урбанистичко планирање, а во нив немало ниту конкретни податоци со кои се докажува штетата врз јавниот интерес.

По ставот на Комисија, Општина Центар донесе одлука со која не ги суспендира спорните Детални урбанистички планови, а со тоа отвори пат на инвеститорите да ги изградат висококатниците и покрај бурните реакции во јавноста. Тие планираат на самиот паркинг да изградат три висококатници.

Паралелно, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција води предистражна постапка, од која не споделуваат детали повикувајќи се на тајност на постапката. Сепак, велат дека постапува надлежен јавен обвинител кој ги разгледува аспекти поврзани со случајот.

Антикорупциска висококатници Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.