Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска го затвори предметот против Иванов за унапредувањата во Армијата

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 21, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 21, 2021 13:56

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на продолжението на 57-та седница денеска донесе одлука за запирање на предметот против поранешниот претседател на држават Ѓорге Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека постапката се затвора, дека со огледа на тоа што има надмината и промената фактичка состојба, Комисијата нема понатаму што повеќе да прави.

– ДКСК во целост ја испочитува постапката во конкретниот случај и ги утврди сите релевантни факти и докази и утврди фактичка состојба во која констатира постоење индиција – сомневање за прекршување на одредба од Изборниот закон. Надлежните судски органи и покрај бројните појаснувања и образложенија дадени од ДКСК не ги земаа предвид при утврдување на фактичката состојба. Со оглед дека од денот на донесување на оваа одлука и утврдување на основаноста на наодите за сомневање помина подолг временски период, од кога се променија околностите со конкретно службено лице, ДКСК оцени дека нема елементи за понатамошно постапување и заклучи дека предметот треба да се заклучи и архивира, изјави Ивановска.

Фактички, посочи директорката на ДКСК, унапредувањата ги направил наредниот претседател на државата, што, како што рече, со тек на време имаме целосно изменета фактичка состојба и од тие причини е безпредметно овој предмет да стои отворен.

Ивановска, потсети дека ДКСК постапувајќи по добиени сознанија од медиуми и пријави од непознати подносители, отворила предмет по сопствена иницијатива во врска со потпишани укази за унапредување и именување на лица во Армијата од страна на Претседателот Ѓорге Иванов за време на изборниот период 2019 година.

За утврдување на фактичката состојба, Ивановска, посочи дека ДКСК побарала и добила информации и докази од Кабинетот на претседателот Иванов и до Министерството за одбрана.

– Двете инстуицуии доставија одговори и произнесувања по однос на сомневањата за конкретниот случај. Министерството за обрана достави информација „доверливо“ со напомена дека информацијата може да се користи само од ДКСК. ДКСК по разгледување на сознанијата и добиените одговори ги утврди сите релевантни факти и докази за постоење индиција за прекршување на одредби од Изборниот зкаоник и констатира фактичка состојба. На својата 11 седница ДКСК донесе одлука во која утврди дека сомневањата за унапредувањата на претседателот, Иванов сторил дејствија кои се забранети за време на изборниот процес, што значи дека сомневањата се основани и одлучи да иницира прекршочна постапка против служебното лице Иванов пред надлежен суд, изјави Ивановска.

Постапувајќи согласно законот за донесената одлука, нагласи дека ДКСК оваа одлука ја објавила на својата веб страна.

– Врз основана на донесената одлука, пред поднесување на барање ја прекршочната постапка, а со оглед дека беше констатирана повреда од страна на ДКСК составен е и потпишан записник за констатиран прекршок и беше издаден прекршочен платен налог. Платниот наглог и записникот се доставени со препорачана пошта во јули 2019 на Иванов. Од негова страна во утврдниот рок не е постапено по пркршочниот налог и не е платен налогот и не е доставен доказ, по што овластено лице од ДКСК донесе одлука за отворање прекршочна постапка до Судот, изјави Ивановска.

Незадоволно од поднесното барање, нагласи Ивановска, тужителот Иванов изјави тужба до Управниот суд против одлуката на ДКСК, на која ДКСК достави одговор во која ги даде сите свои аргументи и образложила дека ДКСК по постапување по конкретниот предмет утврдила постоење на сомнеж, што понатаму требало да го утврди Судот.

– Управниот суд донесе пресуда со која тужбата на Иванов ја уважи, а одлуката на ДКСК е поништена со образложение дека од страна на ДКСК не се строрени доволни напори за утврдување на фактичката состојба и оцени дека има потреба од повторно постапување и оценување, изјави Ивановска.

Незадоволна од донесена пресуда, ДКСК поднела жалба до повисокиот суд, во која навела дека првостепениот суд погрешно утврдил дека тужениот орган не прибавил докази за повисока исплата на плати, посочувајќи дека го известиле Судот дека располагаат со документи кои се доверливи, за кои согласно законот потребна е согласност од Министерството за одбрана, кое ДКСК не била во можност да ги достави до првостепениот суд. Вишиот управен суд, исто така, донел решение со кое жалбата на ДКСК против пресудата на Управниот суд ја отфрли како недозволена.

Армијата Билјана Ивановска Иванов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.