Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска побара истраги од ОЈО за функционери од СДСМ

1
By Влатко Чаловски on December 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На јавна седница, што е ретка практика на Антикорупциска (ДКСК), Комисијата денеска ги разгледуваше претставките на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов кон Оливер Спасовски, и на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ, градоначалникот на Куманово и директорот на кумановското јавно комунално претпријатие.

Двата приговори се однесуваа на членови од Изборниот законик за кои подносителите велат дека се прекршени.

Предметот оформен по претставката на Андонов го води Фарие Алиу (членка на ДКСК). Образложувајќи го, таа рече дека постои основан сомнеж дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го прекршил членот 8а од Изборниот законик, кога правел промени во МВР, по распишување на одлуката за предвремени парламентарни избори.

– Се работи за одлуки на Спасовски по распишување на предвремените парламентарни избори и не е почитувано мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата, рече таа.

Заклучокот по предлог на Алиу, прифатен од мнозинство членови, му наложува на Основното јавно обвинителство да преземе мерки и потоа да достави повратна информација до Комисијата.

Претставката на ВМРО-ДПМНЕ пак, се однесува на прекршување на членот 8б од Изборниот законик, а во Комисијата го води претседателот Игор Тантуровски. Имено, како што тврди Илија Илиоски, како претставнк на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата предводена од СДСМ, градоначалникот на Куманово и директорот на кумановското комунално претпријатие за партиски цели злоупотребувале службени возила.

И по овој предмет, мнозинството членови побара од Основното јавно обвинителство да преземе мерки и да достави повратна информација до Комисијата пред таа дополнително да расправа по него.

Антикорупциска комисија Државна комисија за спречување корупција Игор Тантуровски Оливер Андонов Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.