Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апел: Сопствениците да не ги фрлаат угинатите животни на своја рака

0
By Нова ТВ on August 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 11, 2016 14:56

Агенцијата за храна и ветеринарство упати апел до сопствениците на животни од поплавените региони да го пријават секое угинато или исчезнато грло на матичниот ветеринар од надлежното ветеринарно друштво со кое имаат склучено договор или до Агенцијата за храна и ветеринарство.

unnamed (3)

„Сами да не вршат подигање и отстранување на мршите бидејќи истите се потенцијален извор за појава и ширење на зарази. Доколку имаат сознанија за угинато животно во поплавите, граѓаните потребно е да информираат  дежурните официјални ветеринари од тимовите стационирани во пунктовите во населените места Инџиково и Црешово и во основните училишта 25 Мај во Сингелиќ и Кирил и Методиј во село Стајковци.“, се вели во апелот од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Без оглед на тоа дали станува збор за крупен, ситен добиток или за угинати домашни миленици, истите се евидентираат по што се врши нивно подигање и закопување со соодветна механизација на локација која е одредена од страна на општините, која не претставува опасност ниту за животната средина ниту за луѓето.

unnamed (4)

Стручни тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со ветеринарните друштва и комуналните претпријатија, досега од регионот на Стајковци и Сингелиќ извршија извлекување, евидентирање и нештетно отстранување на 63 угинати овци, и кози, 12 свињи, 250 пилиња, 160 гулаби,  на 2 кучиња и 1 мачка, како и на 18 грла говеда, 1 јаре, и 6 зајци.

Во ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, во населените места Арачиново, Брњарци, Инџиково, Сингелиќ, Смиљковци, Стајковци и Страчинци и Црешово, евидентирани се вкупно 365 активни одгледувалишта ( каде што се чува жив добиток)  со 2481 говедо, 3354 овци и кози.

Агенција за храна и ветеринарство ветеринари невреме поплава угинати животни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

ВЕСТИ June 11, 2026

Мексико и Јужна Африка вечерва во 21.00 часот по средно европско време го отвораат 23тото…

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.